Странски банки
БДП на Eврозоната се намали за 3,6 проценти, а невработеноста се зголеми за 0,2 проценти

Бруто домашниот производ (БДП) на Еврозоната се намали за 3,6 проценти во првите три месеци од оваа година во однос на претходниот квартал, или 3,1 проценти на годишно ниво, според објавените сезонски прилагодени податоци од статистичката служба на Европската унија – Евростат.
Тоа е нешто помал пад од 3,8 проценти, колку што првично процени Еуростат, но сепак е најголем пад на економијата во Еврозоната уште од далечната 1995 година, кога датира статистичката служба на Европската унија – Евростат.
Во исто време, економијата на 27-члената Европска унија се намали за 3,2 проценти во првиот квартал во однос на претходниот квартал, што е и најголем пад регистриран досега, објави Евростат на својата официјална веб-страница.
Ова намалување на економската активност во Еврозоната е резултат на наглото опаѓање на потрошувачката на домаќинствата и инвестициите, како резултат на рестриктивните мерки воведени на средината на март за борба против пандемијата на коронавирусот.
Потрошувачката на домаќинствата во Еврозоната се намали за 4,7 проценти во овој период. Поради затворањето на продавниците, рестораните, кафеаните, инвестициите паднаа за 4,3 проценти, а извозот се намали за 4,2 проценти.
Од друга страна пак, се зголеми бројот на невработени лица во ЕУ, за минимални 0,2 проценти во однос на претходното тримесечје, што претставува прво зголемување на невработеноста уште од пролетта 2013 година, според податоците на Евростат.
Странски банки
Лагард: Економијата во Еврозоната во подобра состојба од очекуваното

„Економската активност на еврозоната е забавена во споредба со 2022 година, но оваа година ќе биде „значително подобра“ од предвиденото – и покрај инфлацијата и енергетската криза”, изјави во Давос претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард. (more…)
Странски банки
Светска банка ја ревидираше прогнозата за раст на македонската економија

Светска банка ги ревидираше своите очекувања во однос на бруто домашниот производ (БДП) на Македонија. Новата прогноза на Светската банка е раст на економијата за 2,4 проценти во 2023 година. (more…)
Странски банки
Европската централна банка: Реалните плати во еврозоната драстично паѓаат

Реалните плати во еврозоната се значително пониски отколку во периодот пред пандемијата и, веројатно, ќе се намалат уште повеќе во наредните месеци поради брзиот раст на цените, предупреди денеска Европската централна банка (ЕЦБ). (more…)
- Анализипред 2 days
ТЕШКА ГОДИНА – РЕКОРДНИ ПРОФИТИ: Трите најголеми македонски банки со добивка од 117 милиони евра во 2022 година
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Депозитипред 1 month
Халкбанк АД Скопје ги зголеми каматните стапки за физички лица на сите депозитни производи
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Интервјуапред 2 weeks
Очекувања 2023 година | МИЛКА ТОДОРОВА, УНИБанка АД СКОПЈЕ
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Домашни банкипред 4 weeks
Комерцијална банка воведе услуга за електронска идентификација на клиенти без посета на шалтер