Connect with us

Останато

БДП на САД се намали за 2,4 проценти во последниот четврти квартал од 2020 година

Објавено

на

Американската економија се намали за 2,4 проценти во четвртиот последен квартал од 2020 година, објави во четвртокот Министерството за трговија, што е малку подобро од проценката во јануари за падот на активноста од 2,5 проценти во однос на истиот период од претходната година.

Во третиот квартал, економијата се намали за 2,8 проценти на годишно ниво.

Активноста нагло забави на крајот на годината, со стапка на раст од само еден процент што беше многу помалку во однос на претходните три месеци кога порасна 7,5 проценти, покажува извештајот, потврдувајќи ја првата проценка.

Министерството во преден план ја става годишната стапка на раст што ја користат само САД, Канада и Јапонија, и која покажува раст на БДП на САД во четвртиот квартал од 4,1 процент, за 0,1 процентен поен поголем од првичната процена.

Ваквата стапка на раст на БДП покажува со која стапка би пораснал БДП за една година, доколку растеше со иста стапка во секој квартал како и во последните три месеци.

„Растот на БДП во четвртиот квартал го одразува континуираното закрепнување на економијата од остриот пад во првата половина на годината и истовремените ефекти од пандемијата со Ковид-19, вклучително и новите ограничувања и затворања во делови на САД“, се вели во соопштението.

За целата година, БДП на САД се намали за 3,5 проценти, ја потврди Министерството проценката од крајот на јануари. Една година претходно економскиот раст на САД беше 2,2 проценти.

Падот на реалниот БДП во 2020 година, меѓу другото, го одразува падот на личната потрошувачка, извозот и инвестициите на компаниите во опрема и намалувањето на трошењето на федералните држави и локалните самоуправи, се вели во соопштението.

Останато

Извозот во првите шест месеци зголемен за 20,2%, а увозот за 28,7 проценти

Објавено

на

Вкупната вредност на извозот од земјава во периодот јануари – јуни 2022 година изнесува 4.097.486.000 евра и бележи раст од 20,2 проценти во однос на истиот период лани, додека вредноста на увезената стока е 5.974.699.000 евра што е зголемување за 28,7 проценти, соопшти Државниот завод за статистика. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

(ВИДЕО) Спојувањето на етериум може да ја поттикне цената на биткоинот нагоре!?

Објавено

на

Популарниот крипто-аналитичар Бенџамин Кауен анализира како етериум може да ја поттикне цената на најпознатата криптовалута биткоинот нагоре. (more…)

Продолжи со читање

Останато

СИСТЕМОТ КОНЕЧНО АЖУРИРАН – Корисниците на МојДДВ може да се вратат на напредниот скенер за скенирање на фискални сметки

Објавено

на

Управата за јавни приходи, ги информира корисниците на апликацијата МојДДВ, дека може да се вратат на напредниот скенер за скенирање на фискални сметки. (more…)

Продолжи со читање


Популарно