Странски банки
БДП на Германија падна за 2,2 проценти во првиот квартал


Германскиот БДП во првото тримесечје од оваа година е 2,2 проценти помал во однос на последните три месеци од 2019 година. Ова е најлош резултат на германската економија од економската криза во 2009 година.
Пандемијата на коронавирусот, што предизвика привремено затворање на многу компании е виновна за ова големо забавување на германската економијата. Се очекува резултатите да се подобрат веќе следниот квартал, бидејќи Германија започна да ги ублажува забраните и ограничувањата кон крајот на април.
Треба да се има предвид дека најсилната економија на ЕУ во однос на нејзините други членки забележа дури и добар резултат. БДП во Унијата падна во просек за 3,3 проценти во првиот квартал. Во некои земји падот беше уште поизразен – во Франција изнесуваше 5,8 проценти, а во Италија 4,7 проценти.
Во еврозоната падот на БДП во првиот квартал изнесуваше 3,8 проценти.
Странски банки
Дали конечно турската централна банка ќе ја зголеми основната каматна стапка со цел намалување на енормната инфлација!?


Комитетот за монетарна политика на турската централна банка на 18 август ќе одлучи дали ќе ја промени главната каматна стапка, пренесува турската државна телевизија „ТРТ Хабер”. (more…)
Странски банки
Русија почнува со етапно пуштање на својата дигитална рубља


Централната банка на Русија откри дека започнала со тестирање на својот проект за дигитална рубља и дека ќе биде претставен со нови функции од 2023 година. (more…)
Странски банки
Добивката на најголемата европска банка се намали за 15 проценти во првото полугодие на 2022 година


Најголемата европска банка „HSBC Holdings” објави пад на профитот од 15 проценти во првото полугодие, бидејќи резервите за покривање на потенцијалните загуби од кредитите значително го надминаа растот на нето каматниот приход. (more…)
- Останатопред 4 weeks
УЈП со важно соопштение за сите кои ја користат апликацијата „Мој ДДВ“
- Кредитипред 3 weeks
Онлајн кредити до 180.000 ден. – за сите изненадувања во животот
- Депозитипред 2 months
Стопанска банка АД – Скопје ги зголеми каматните стапки на денарските и девизните депозити
- Кредитипред 2 months
Ова лето можеш сè
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Интервјуапред 2 months
Интервју ПАЛЧЕВСКИ: Пантелеон ГС има сериозна намера да остави значаен белег на домашниот пазар преку креирање на нови вредности
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје