Останато
Бајден: Отсекувањето на Русија од СВИФТ банкарството не е опција во моментов


Американскиот претседател Џо Бајден на вчерашната прес конференција по повод инвазијата на Русија врз Украина и најавените санкции за Кремљ, тој изјави дека отсекувањето на Русија од глобалниот банкарски систем Свифт не е опција „во моментов“. Тој вели дека санкциите што веќе се предложени за сите банки имаат еднаква последица и можеби дури и ја надминуваат забраната за Русија од Свифт.
„Ајде да разговараме по уште еден месец, па да видиме дали работат“, изјави Бајден.
Тој вели дека отсекувањето на Русија од свифт банкарството „секогаш е опција, но во моментов тоа не е позицијата што остатокот од Европа сака да ја заземе“.
Премиерот на Обединетото Кралство Борис Џонсон претходно рече дека постои потенцијал да се користи Свифт како санкција и дека „секоја карта е на масата“.
Бајден објави нови, посилни санкции за Русија откако таа лансираше целосен напад на Украина, за кој кажа дека бил планиран со месеци. Тој тврди дека новите санкции ќе ја запрат способноста на Русија да ја финансира и зголемува својата армија.
„Санкциониравме руски банки кои заедно располагаат со средства од еден трилион долари. Ја отсековме една од најголемите руски банки, која држи една третина од банкарските средства на земјата. Новите санкции ќе ја ограничат способноста на Русија да води бизнис во долари, евра, јени и фунти“, рече Бајден.
Русија вчера ја зпочна инвазијата на Украина, а до доцна попладнето руските сили стигнаа на само 7 километри од главниот град Киев. „CNN“ објави дека руските трупи веќе го контролираат аеродромот што е воена база на украинските сили.
Останато
СИСТЕМОТ КОНЕЧНО АЖУРИРАН – Корисниците на МојДДВ може да се вратат на напредниот скенер за скенирање на фискални сметки


Управата за јавни приходи, ги информира корисниците на апликацијата МојДДВ, дека може да се вратат на напредниот скенер за скенирање на фискални сметки. (more…)
Останато
ЗАГРИЖУВАЧКИ ПОДАТОК – Луѓето поминуваат по 4 до 5 часа во просек на ден на мобилните апликации!?


Истражувачите на пазарот на мобилни апликации открија дека потрошувачите поминуваат се повеќе време со своите паметни телефони. Според истражувањето на „data.ai” (порано App Annie) во 13 земји, луѓето моментално посветуваат 4 до 5 часа од својот ден на мобилни апликации. (more…)
Останато
Поголем дел од светската популација ќе користи дигитални паричници до 2026 година


Повеќе од пет милијарди луѓе ќе користат дигитални паричници до 2026 година. Водечки фактор во нивното ширење ќе бидат „супер-апликациите“ кои ќе го поттикнат нивното усвојување меѓу луѓето, особено во земјите во развој, според глобална студија. (more…)
- Останатопред 3 weeks
УЈП со важно соопштение за сите кои ја користат апликацијата „Мој ДДВ“
- Депозитипред 1 month
Стопанска банка АД – Скопје ги зголеми каматните стапки на денарските и девизните депозити
- Кредитипред 1 month
Ова лето можеш сè
- Кредитипред 2 weeks
Онлајн кредити до 180.000 ден. – за сите изненадувања во животот
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Интервјуапред 1 month
Интервју ПАЛЧЕВСКИ: Пантелеон ГС има сериозна намера да остави значаен белег на домашниот пазар преку креирање на нови вредности
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје