Останато
Бафет стана најголемиот акционер во „Ваnk оf Аmеrіса“


„Веrkѕhіrе Наthаwау Іnс.“, сопственост на американскиот милијардер Ворен Бафет, официјално стана главен акционер во „Ваnk оf Аmеrіса“, откако го искористи правото да купи 700 милиони акции на оваа банка со попуст.
Инвестициската компанија на Бафет сега има 6,6% од акциите во втората по големина банка во Америка. Акциите се купени во вредност од 7,14 долари, што е значително пониско од 23,58 американски долари, колку што всушност изнесува цената на овие акции. Севкупно, неговиот удел сега изнесува 16,51 милијарда долари.
Бафет го стекна ова право во 2011 година, откако инвестираше 5,0 милијарди долари во банка која тогаш беше во проблеми поради последиците од глобалната финансиска криза.
Останато
ММФ предвидува дека кинеската економија годинава ќе порасне за 8,1 проценти


Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) предвидува дека кинеската економија ќе порасне за 8,1 проценти во 2021 година. (more…)
Останато
Голем раст на бројот на невработени лица во 2020 година!


Бројот на невработени лица се зголемил за 52.023 лица во периодот јануари-декември 2020 година, покажуваат најновите податоци на Агенцијата за вработување, пренесува „Мета“. На почетокот од минатата година во земјава имало 104.409 невработени, а на крајот на 2020 година оваа бројка се зголемила на 156.432 лица. (more…)
Останато
Бесими – Техада: Поддршка за реформите во управување со јавните финансии


Поддршка за реформите за зајаканување на управувањето со јавните финансии преку проекти за подобрување со управувањето со јавниот долг, како и од областа на финансиските статистики, беа дискутирани на средбата помеѓу министерот за финансии Фатмир Бесими и амбасадорката на Швајцарија Сибил Зутер Техада. (more…)
- Домашни банкипред 3 weeks
ГО “БУТНАА” ИНТЕРНЕТОТ: Вработените на УНИБанка танцуваат на „Jerusalema“ пред експозитура Плоштад
- Останатопред 2 months
Колку изнесува К15 за оваа 2020 година?
- Business Manпред 2 months
Божидар Јанковски стана сопственик на Динерс Клуб Интернационал МАК ДООЕЛ
- Анализипред 2 months
Која македонска банка планира да го нападне тронот во банкарскиот сектор!?
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Народната банка на Република Северна Македонија
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Business Manпред 2 months
Владо Цекиќ избран за Млад менаџер во Македонија за 2020 година
- Анализипред 2 months
Во Македонија има 1.301 премиум пензионери!