Connect with us

Останато

Банкротот на Русија може да предизвика банкрот на Европа

Објавено

на

Банкротот на Русија може да предизвика хиперинфлација и банкрот на Европа, изјави заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев по повод тврдењето на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен дека „банкротот на Русија е само прашање на време”.

„Банкротот на Русија може да предизвика банкрот на Европа, морален и материјален”, напиша Медведев на Телеграм, додавајќи дека финансискиот систем на ЕУ не е толку стабилен и оти граѓаните ја губат довербата.

Медведев смета и дека властите на ЕУ треба да очекуваат „голема благодарност од Европејците за хиперинфлацијата за која не може да се обвинува Русија, за недостигот на основни прехранбени производи во продавниците и приливот на бегалци што ќе предизвика бран на насилен криминал”.

Останато

Од 28-ми започнува етапната исплата на јунските пензии

Објавено

на

Владата на Република Северна Македонија на последната седница ја усвои Информацијата за исплата на пензии за месец јуни 2022 година со задолжување на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27 јуни. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Инфлацијата во Велика Британија највисока во последните 40 години

Објавено

на

Инфлацијата во Велика Британија се зголеми на 9,1 проценти на годишно ниво во мај, што е највисоко во изминатите 40 години, покажува извештајот објавен од Националната канцеларија за статистика на Обединетото Кралство. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Економиите на САД и ЕУ во пад, расте ризикот од глобална рецесија

Објавено

на

Економиите на САД и на Европската Унија покажуваат значаен пад во јуни, како резултат на порастот на цените за храната, цените на енергенсите и намалената побарувачка на останатите производи и услуги. Со тоа се зголемува ризикот за глобална рецесија. (more…)

Продолжи со читање


Популарно