Connect with us

Останато

Банкротите на светските компании се темпирана бомба за светската економија

Објавено

на

Владите ширум светот се обидуваат да преземат акција за да им помогнат на компаниите кои се силно погодени од пандемијата на коронавирусот.

Сепак, светската економија се соочува со темпирана бомба на банкроти на компаниите кои ја придвижуваат економијата.

Според истражувањето на кредитната осигурителна група „Euler Hermes“, бројот на компании кои се соочуваат со банкрот се зголеми на една третина од вкупниот број на компании во светот, што претставува сериозна закана за светската економија.

Вирусот Ковид-19 предизвика темпирана бомба, се предупредува во извештајот, предвидувајќи дека бројот на банкроти ќе се зголеми за 35 проценти меѓу 2019 и 2021 година.

Кредитната осигурителна група „Euler Hermes” исто така, пресмета дека просечната несолвентност на компаниите ќе се искачи на највисоко ниво од 2009 година, кога светот беше погоден од светската финансиска криза, пренесува француската новинска агенција „АФП“.

Најголем број на банкроти меѓу водечките економии се очекува во САД, каде тој број ќе се зголеми за 57 проценти до 2021 година.

Во Бразил тој процент ќе биде повисок за 45 проценти, во Велика Британија ќе се зголеми за 43 проценти, а во Шпанија за 41 процент. Кредитната осигурителна група „Euler Hermes” предвидува дека бројот на банкроти во Кина, каде што започна целата пандемија со корона кризата, ќе се зголеми за 20 проценти.

Останато

Бесими: Законот за буџет е готов и поставен на Енер

Објавено

на

Законот за буџет денеска е прикачен на „Енер“. Секој може да се вклучи во јавната расправа. Се работи за реформски закон, усогласен со неколку европски директиви, информира денеска министерот за финансии Фатмир Бесими на состанокот со Македонската банкарска асоцијација. (more…)

Продолжи со читање

Останато

ФИТР: Отворен јавниот повик за иновациски ваучери – високообразовните институции се вклучуваат во развојот на домашната економија

Објавено

на

Од утрово е отворен јавниот повик за иновациски ваучери, наменет за воспоставување соработка во економски развој меѓу домашните компании и универзитетите и истражувачките центри. (more…)

Продолжи со читање

Останато

ЕБОР предвидува пад на економијата од дури 5 проценти годинава и раст од 3 проценти следната 2021 година

Објавено

на

„Брзината со која ќе има опоравување и раст ќе зависи од опоравувањето на економиите во земјите од еврозоната, но и од напредокот на домашните економски реформи, со кои би се подигнало нивото и квалитетот на јавните инвестиции и би се подобрил квалитетот на образованието за да се намали несоодветното ниво на вештини на пазарот на труд”, вели во интервју за МИА Анди Аранитаси, претставник на Европската банка за обнова и развој. (more…)

Продолжи со читање

Популарно