Connect with us

Останато

Банкнотата од 100 долари е најчесто платежно средство на светот за првпат во историјата!

Објавено

на

Банкнотата од 100 долари за прв пат во историјата ја надмина банкнотата од 1 долар во трговијата.

Со други зборови, најценета американска банкнота, позната како „Бенџамини“, поради фотографијата на Бенџамин Френклин стана најбројна банкнота на светот.

Поради што е толку популарна оваа банкнота?

Според податоците на Федералните резерви, банкнотата од 100 американски долари е во оптек двојно повеќе од светската криза.

Се поставува прашањето дали Американците во време на дигитално плаќање почнаа да чувствуваат носталгија за зелените банкноти?

Иако вкупната побарувачка за американската валута навистина е во пораст, се работи за тоа што повеќето банкноти од 100 долари се во оптек надвор од САД, т.е. во странство. Речиси 80% од сметките од 100 долари и повеќе од 60% од сите американски сметки се во странство, што е двојно во однос на 30%, колку што биле во 1980 година.

Каде се сите тие банкноти од 100 долари не може да се знае точно. Без разлика дали е на Блискиот исток или Венецуела, може само да се замисли колку таму е важна вредноста на парите во кеш, особено поради недовербата во локалната валута.

Постојат и други објаснувања, особено фактот дека доларот сега е единствена глобална валута, за која нема знаци за опаѓање на побарувачката.

Останато

Кликни Јади маркет со достава од 35 – 65 минути за време на полициски час!

Објавено

на

Кликни Јади е најголемата платформа за нарачка и достава на храна во Скопје, со над 40.000 корисници и партнерска мрежа од над 170 ресторани. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Австралија падна во рецесија по 29 години

Објавено

на

Австралија влезе во својата прва рецесија после 29 години, потврди министерот за финансии, откако заводот за статистика го објави падот на економијата во првиот квартал. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Продажбата на мало во еврозоната намалена за 11,7 проценти во април

Објавено

на

Прометот на малопродажбата во еврозоната бележи значителен пад во април, при што опадна куповната моќ речиси на сите производи, вклучително и храна и пијалоци, бидејќи ограничувањата за движење поради коронавирусот беа во сила во текот на целиот месец.
(more…)

Продолжи со читање

Популарно