Connect with us

Колумни

Банки без филијали се банки на иднината

Објавено

на

Во Европската унија лани бројот на банкарски филијали се намали на вкупно 189.270 или 9.100 помалку за само една година. Само за споредба во 2008 имало 237.700 филијали што значи дека за само една деценија бројот на филијали во ЕУ се намалил за над 47.000.

Над 20 милиони жители на Велика Британија месечно користат банкарска апликација. Преку своите мобилни уреди плаќаат сметки, вршат трансакции и менуваат пари без да стапнат во некоја банкарска филијала.  Всушност тоа го прават додека седат во омиленото кафуле, во парк или пак додека користат јавен превоз. Истите тие до пред некоја година морале да стојат во ред во банките, а сега банките се во нивниот телефон.

Финансиските институции го препознаваат овој тренд и го менуваат својот лик и пристапот кон клиентите. Ако до пред две децении банките беа во трка да отворат филијала во секој град и во секоја населба, во денешно време се случува спротивното – огромен број на банкарски филијали се затвораат, а банките се ориентираат кон дигиталното банкарство.

Во САД за само 12 месеци биле затворени 1.700 филијали. Во Европската унија лани бројот на банкарски филијали се намали на вкупно 189.270 или 9.100 помалку за само една година. Само за споредба во 2008 имало 237.700 филијали што значи дека за само една деценија бројот на филијали во ЕУ се намалил за над 47.000.

Европската банкарска федерација пресметала дека во 2008 во банкарскиот сектор работеле 3.26 милиони луѓе додека пак лани овој број паднал на 2.8 милиони вработени. Во превод, за помалку од една деценија во ЕУ имало безмалку 500.000 вработени помалку во банкарските филијали. Но, што значат овие намалувања на филијали и на вработени за искуството на клиентите. Дали помалку вработени и помалку филијали значи полоша услуга и помалку клиенти? Напротив. Стратегијата за дигитално банкарство покажува дека помалку банкарски филијали и помалку вработени значи токму спротивното – подобра и побрза услуга и можност за опслужување на повеќе клиенти.

Дека банките се менуваат еднакво брзо како и потребите на клиентите потврдува и примерот со кинеската ЦЦБ банка (Chinese Construction Bank) која лансираше целосно автоматизирана филијала без ниту еден вработен.

Во филијалата се користат најсовремени роботи, софтвер за препознавање на лик, виртуелна реалност и други напредни технологии. Ако влезете во оваа банка ќе ве пречека пријателски настроен робот кој препознава говор и може да одговори на вашите дилеми и прашања.

Понатаму на еден од многуте автомати може да отворите сметка, да префрлите пари или да смените девизи и да отворите штедна книшка.

Банката може да заврши многу побргу и поефикасно дури до 90% од услугите кои се нудат во традиционалните банки. За клиентите кои имаат потреба од финансиски совет има канцеларија каде лично или преку видео линк може во реално време да ја добие саканата услуга.

Оваа банка го покажа патот како ќе изгледаат финансиските институции на иднината со иновативни услуги базирани на современа технологија.

Модерното банкарство е брзо и ефикасно, а клиентот лесно може да научи како се користи и сам да биде свој банкар.

Колумни

Банкарство 2.0: Што претставува универзален банкар и зошто е потребен?

Објавено

на

Невозможно е да се оддели еволуцијата и усвојувањето на универзалните банкари од променливата улога на филијалата. Паѓањето на нивото на трансакции значи помалку филијали, а оние што остануваат се помали. Потребата за заштеда на трошоците за персонал ја забрза идејата дека помалку претставници на филијали треба да преземат повеќе должности. (more…)

Продолжи со читање

Колумни

Chatbots ќе играат главна улога во банкарството

Објавено

на

Не многу луѓе се чувствуваат удобно да им овозможат на другите да ја знаат состојбата на своите финансии – проверка на состојбата на трансакциската сметка, големина на хипотека, заеми, дури и колку личноста заработува. Парите, сепак, се приватни. Тоа е причината зошто chatbots ќе ја имаат главната улога во банкарството. (more…)

Продолжи со читање

Колумни

Електронска банка за правни субјекти – лесен и сигурен одговор на модерните предизвици

Објавено

на

Примарната дејност на Банките е да посредуваат помеѓу сопствениците на вишок капитал и оние кои имаат потреба од капитал. При извршувањето на својата дејност банките секогаш се трудат да ги задоволат потребите на клиентите, да го пратат и поддржуваат нивниот развој и да понудат беспрекорни услуги. Следејќи ги потребите на клиентите, пазарните движења и развојот на новите технологии, банките развиваат и усовршуваат платформи (меѓу кои и електронската банка), преку што ја унапредуваат соработката со своите клиенти, на начин кој значително им го олеснува работењето, особено во платниот промет кој е суштинска банкарска операција. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange