Connect with us

Колумни

Банките треба да им бидат партнери на своите клиенти

Објавено

на

Банкарството стана чисто “трансакциско„: клиентите доаѓаат само кога имаат потреба од нешто. Без разлика дали тие префрлаат пари од една сметка на друга или ја проверуваат нивната моментална состојба, откако ќе ја завршат својата задача, ги нема.

Ова, со текот на времето, се покажува како многу ефективно. Мора да им дадете на своите клиенти повеќе причини да продолжат да се враќаат кај вас. Доколку сите банки се исти во очите на купувачот (на пример, вие не сте направиле ништо за да се разликувате, туку само следите што прават конкурентните банки), тогаш тие ќе истражуваат, ќе најдат друга банка. Реално, ниту една банка не сака да изгуби клиент.

Можеби е потребно банките да го сменат и начинот на размислување. Вие не им продавате на корисниците апсолутно ништо, вие треба да им креирате корисничко искуство кое ќе ги направи лојални кон вас. Купувачите се тука и сакаат да ве сослушаат, да видат што нудите, да знаат за сите промени што банката ги прави. Сепак, банките на крајот од денот, ги чуваат парите на секој граѓанин.

Фокусирањето на клиентите е тоа што банката ја прави поразлична и поуспешна од другите. Банките треба да креираат колку што е можно поиндивидуално понуди, и да бидат флексибилни кон приспособување на постоечките понуди за секој клиент.

Без разлика дали клиентот сака да штеди пари или сака да подигне кредит, тој ја одбира банката за која знае дека ќе добие поддршка 24/7 и која ќе му даде најдобри услови.  Особено влијание кај корисниците, имаат препораките. Доколку одреден клиент нема големо искуство со банките, ќе се одлучи за банката која неговите пријатели најмногу ќе ја пофалат.  Клиентите бараат индивидуално банкарско искуство кое ги задоволува нивните специфични потреби.

 

Колумни

Банкарство 2.0: Што претставува универзален банкар и зошто е потребен?

Објавено

на

Невозможно е да се оддели еволуцијата и усвојувањето на универзалните банкари од променливата улога на филијалата. Паѓањето на нивото на трансакции значи помалку филијали, а оние што остануваат се помали. Потребата за заштеда на трошоците за персонал ја забрза идејата дека помалку претставници на филијали треба да преземат повеќе должности. (more…)

Продолжи со читање

Колумни

Chatbots ќе играат главна улога во банкарството

Објавено

на

Не многу луѓе се чувствуваат удобно да им овозможат на другите да ја знаат состојбата на своите финансии – проверка на состојбата на трансакциската сметка, големина на хипотека, заеми, дури и колку личноста заработува. Парите, сепак, се приватни. Тоа е причината зошто chatbots ќе ја имаат главната улога во банкарството. (more…)

Продолжи со читање

Колумни

Електронска банка за правни субјекти – лесен и сигурен одговор на модерните предизвици

Објавено

на

Примарната дејност на Банките е да посредуваат помеѓу сопствениците на вишок капитал и оние кои имаат потреба од капитал. При извршувањето на својата дејност банките секогаш се трудат да ги задоволат потребите на клиентите, да го пратат и поддржуваат нивниот развој и да понудат беспрекорни услуги. Следејќи ги потребите на клиентите, пазарните движења и развојот на новите технологии, банките развиваат и усовршуваат платформи (меѓу кои и електронската банка), преку што ја унапредуваат соработката со своите клиенти, на начин кој значително им го олеснува работењето, особено во платниот промет кој е суштинска банкарска операција. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange