Connect with us

Странски банки

Банките се соочуваат со зголемен ризик од перење пари

Објавено

на

Походот на финансискиот криминал поврзан со коронавирусот претставува нов предизвик за банките, кои би можеле да се соочат со значајни репутациски и регулаторни последици доколку се утврди дека дејствувале неетички за време на кризата, предупредуваат експертите за регулирање на пазарот и спроведување на законот.

„Во моментов постои зголемен ризик од измама, перење пари, мито и корупција – шеми кои сакаат да ја искористат пандемија, бидејќи истовремено можна е појава на намалена способност на банките за координирање на банкарските функциите како би останале безбедни“, изјави Николет Кост де Севрес, која во Париз во „Mayer Brown” води истраги и регулаторни практики.

Бидејќи деловните активности се нарушени и измамниците настојуваат да ја искористат епидемијата на коронавирусот за да профитираат, пред банките е сериозен предизвик да ги идентификуваат измамниците и сомнителните трансакции.

На 26 март, британската национална агенција за борба против криминал предупреди дека „криминалците ја искористуваат пандемијата предизвикана од Ковид-19 за да ги измамат луѓето и дека овие сајбер измами само дополнително ќе се зголемуваат во периодот што претстои. Тоа вклучува пораст на сајбер-нападите и измамите преку интернет, каде измамниците продаваат непостоечки медицински материјали или лажни тестови за тестирање од коронавирусот, но и многу други лажни наградни игри, евтини производи итн.

Бидејќи криминалците се многу прилагодливи, најверојатно ќе се појават нови техники и канали за перење пари, објави Европската банкарска агенција на 31-ви март.

„Неизбежно е да, кога и да сте изложени на зголемен ризик од сајбер измами и криминал, истовремено се зголемува и ризикот од перење пари“, изјави Џулијан Хуи, постар соработник во адвокатската компанија за регулаторна пракса за финансиски услуги „Baker & McKenzie” во Лондон.

„Она што банките би го окарактеризирале како вообичаени деловни активности на компаниите пред кризата, сега би можело да претставува и ризик од перење пари, особено кога станува збор за сектори погодени од регулативите за затворање и стопирање на функционирњето“, рече Хуи.

„Секој бизнис што продолжува да работи со кршење на регулативите за вонредна состојба, парите што ги заработува сега се стекнати криминално и нелегално, а банките ќе треба тоа да го идентификуваат“, заклучи Џулијан Хуи.

Кражба на идентитет и лажни пријави при аплицирање за помош од државни фондови се други потенцијални предизвици со кои се соочуваат банките, особено помалите регионални финансиски институции кои можеби не се користат за справување со толку големи количини на побарувања.

Како што се појавуваат нови ризици, Европскиот банкарски орган ја истакнува важноста на ефективните системи и контроли со цел да се спречи перењето пари, изјавувајќи дека финансискиот криминал останува неприфатлив, дури и во време на криза како пандемијата на КОВИД-19.

Работната група за финансиска акција, глобална надзорна организација за спречување на перење пари и финансирање на тероризам, исто така ги повика банките да останат будни и да продолжат ефикасно да ги ублажат тие ризици и да можат да детектираат и пријавуваат сомнителни активности.

Предупредувањата доаѓаат во време кога банките се фокусираат на управување со други предизвици поврзани со кризата и поддршка на клиентите со намален приход, предизвикувајќи загриженост кај регулаторите за потенцијална небрежност за спроведување на законот.

Странски банки

Корона-кризата започнува да го забавува работењето на словенечките банки

Објавено

на

Тековната корона-криза и воведените мерки за ограничување на ширењето на пандемијата негативно влијаат врз работата на словенечките банки, при што растот на кредитите за домаќинствата се преполови, а растот на корпоративните кредити, исто така, постепено забавува во периодот од јануари до мај, соопшти Централната банка на Словенија. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

ЕБОР и ЕУ ќе го зголемат финансирањето на малите и средните претпријатија на Западен Балкан

Објавено

на

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Европската Унија (ЕУ) ја зголемуваат поддршката на малите и средните претпријатија (МСП) на Западен Балкан, со дополнително финансирање по појавување на пандемијата на коронавирусот. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Commerzbank ќе затвори повеќе од половина од своите филијали низ Германија!?

Објавено

на

Според „Börsen-Zeitung”, извршниот одбор на германската „Commerzbank AG” планира да затвори повеќе од половина од 1.000-те филијали низ целата земја до крајот на 2023 година. Покрај тоа, се планира да се намалат речиси 10.000 работни места од вкупно 32.792 колку што во моментов брои германскиот банкарски гигант. (more…)

Продолжи со читање

Популарно