Connect with us

Странски банки

Банките се поранливи на сајбер напади за време на пандемијата од Ковид-19

Објавено

на

Европската централна банка ги потсетува банките за нивната ранливост на ИТ и сајбер напади за време на тековната пандемија на коронавирусот.

ЕЦБ забележува дека банките станаа екстремно зависни од информатичките системи, како резултат на здравствената криза, што доведе до привремено затворање на дел од филијалите и воведување на далечинско работење односно работа од дома во невидени размери.

„Колку повеќе банките се потпираат на ИТ системите, толку се поранливи на ИТ и сајбер нападите“, велат од ЕЦБ.

Токму поради тоа, обезбедување на целокупната информатичка технологија и компјутерска безбедност е неопходно.

Картата за ризици на Европската централна банка за 2020 година ги идентификуваше сајбер криминалот и недостатоците во информатичка технологија како еден од првите три ризици со кои се соочува банкарскиот систем на еврозоната.

Во март, ЕЦБ ги советуваше банките проактивно да го проценат и тестираат капацитетот на постојната ИТ инфраструктура, особено во поглед на потенцијалното зголемување на сајбер-нападите и можната поголема несигурност на дигиталните банкарски услуги кои се нудат електронски без присуство на клиентите. Банките, исто така се, охрабруваат да го проценат ризикот од зголемување на измамите поврзани со компјутерска безбедност, насочена кон нив или нивните клиенти, бидејќи изминатиов период драстично е зголемен бројот на лажни претставувања во име на банките, лажни наградни игри, лажни промотивни активности, се со цел полесно прибирање на податоците од клиентите.

Од Европската централна банка велат дека најновата анализа на банкарскиот ИТ ризик открила дека подобро подготвени банкарски институции се оние во кои членовите на одборот на директори имаат повисоко ниво на ИТ експертиза.

Анализата, исто така, покажува дека критичните банкарски дигитални услуги на многу банки сè уште зависат од крајот на работниот век и дека употребата на ИТ аутсорсингот се зголемува, а одредени банки се концентрираат на само еден давател на ИТ услуги, што е јасно црвен аларм за супервизорите и регулаторите.

Странски банки

Светска банка: Јавниот долг драстично се зголемува бидејќи македонската економија силно е погодена од Ковид-19

Објавено

на

Светската банка не е загрижена за зголемувањето на јавниот долг во земјата. Оттаму истакнуваат дека иако јавниот долг за една година се зголемил за 10 – 11% од БДП и проценуваат годинава да достигне до 61.6% од БДП, сепак очекуваат дека буџетската дупка ледната година ќе се намали. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Кина им подели по 25 евра на граѓаните на Шенжен за популаризација на дигиталната валута

Објавено

на

Кинеските власти на 50.000 жители на Шенжен избрани по случаен избор им поделија дигитални валути во вредност од 10 милиони јуани, што е еднакво на околу 25 евра по лице. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Французинката Одил Рено-Басо е нова директорка на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР)

Објавено

на

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја избра денеска Французинката Одил Рено-Басо за нова директорка, на своето Генерално собрание кое се одржува виртуелно поради пандемијата на Ковид-19. (more…)

Продолжи со читање

Популарно