Домашни банки
Банките се подготвени за готовинската исплата на априлските пензии

Македонската банкарска асоцијација известува дека сите банки се подготвени од денес по групи да ја спроведат готовинската исплата на априлските пензии.
Заради заштита на здравјето, МБА апрелира пензионерите коишто не поседуваат дебитна картичка, при посетата во банка да поднесат барање за изработка на картичка којашто ќе биде поврзана со нивната банкарска сметка. Со тоа, нивните средства ќе им бидат достапни во секое време преку банкоматите и трговската мрежа и понатаму нема да треба да ги посетуваат филијалите и експозитурите на банките заради подигнување готовина.
На пензионерите коишто имаат дебитна картичка, но не се запознаени со сите можности за нејзино користење, банките се подготвени да им излезат во пресрет со соодветни објаснувања и насоки.
Македонската банкарска асоцијација апелира при посетата на филијалите и експозитурите да се почитуваат насоките за одржување меѓусебно растојание од најмалку 2 метри пред и во објектите на банките и задолжително да се носи лична заштитна опрема за носот и устата (респираторна маска, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба, марама или шал, бандана и слично).
Готовинската исплата на пензиите ќе се спроведе согласно следниот распоред:
– во понеделник, 27 април – пензии во висина до 11.000 денари;
– во вторник, 28 април – пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари;
– во среда, 29 април – пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари;
– во четврток, 3о април – пензии во висина над 18.000 денари.
Од МБА се надеваат дека другите корисници на банкарски услуги, ќе имаат разбирање и периодот од 8 до 12 часот кога е дозволено движење на лицата над 67 години ќе им ги отстапат на повозрасните граѓани.
Домашни банки
Личниот пристап кон клиентите е клучен за градење доверба

Банките се двигатели на секоја економија, а нивната одговорност кон клиентите е повеќеслојна и поеднакво се однесува и на бизнисите (правните лица) и на поединците (физичките лица). (more…)
Домашни банки
Доделен автомобилот TESLA на среќниот добитник во наградната игра на Стопанска банка АД – Скопје

Најсреќниот добитник во големата наградна игра на Стопанска банка, Ацо Савиќ, вчера (23 ноември) пред просториите на Банката во центарот на Скопје ги доби клучевите од новиот автомобил TESLA model 3. Автомобилот е главната награда од наградната игра на Стопанска банка со Mastercard платежните картички „Најбрзо до Тесла возило со СБ”, која траеше од 1 јули до 31 октомври. (more…)
Домашни банки
ЕБОР одобри 9 милиони ЕУР кредит на ПроКредит Банка во Северна Македонија

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) доделува нови средства за поддршка на младите претприемачи и основање на бизниси, како и за промовирање на зелени финансии во Северна Македонија, преку финансискиот пакет од 9 милиони ЕУР одобрен за ПроКредит Банка. (more…)
- Домашни банкипред 2 months
Халкбанк со тројца нови членови на Управниот одбор – Беркан Имери, Александар Иљов и Мухамед Хаџипази
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Осигурувањепред 2 months
АСО со обуки ќе ја гради и зајакнува финансиската едукација на средношколци – математичари
- Домашни банкипред 1 month
Компании во земјава реализираат 20 „зелени“ проекти од кредитната линија на ЕБОР преку Стопанска банка
- Домашни банкипред 4 weeks
Данијела Јовческа, Никола Горгиевски и Марија Танаскоска се најдобрите банкарски службеници од Шпаркасе Банка во 2023 година
- Банкипред 2 months
Шпаркасе Банка АД Скопје вработува Член на Управен Одбор
- Business Manпред 2 months
Проф. Д-р Драгољуб Арсовски се стекна со 3.003 обични акции издадени од ТТК Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје