Connect with us

Анализи

Банките се виновни се падот на акциите!?

Објавено

на

За големиот пад на акциите најзаслужни се големите банки кои уште оваа пролет започнаа да ги зголемуваат своите резервации поради очекуваниот раст на нефункционалните кредити.

Откупот на акции со кои американските компании дел од профитот го прелеваат на акционерите е речиси преполовен во вториот квартал, достигнувајќи најниско ниво во последните осум години.

Како што пренесува „Financial Times“, ова е резултат на силното зголемување на неизвесноста за економската состојба во блиска иднина и остриот пад на профитот.

Според првичните податоци од „S&P” и „Dow Jones” индексите, во вториот квартал американските компании потрошиле 89,7 милијарди американски долари за набавка на акции во системот на индекси „S&P 500″, што е за 46 проценти пониско од истиот период лани.

Податоците укажуваат на податокот дека ова е најлош квартал што се однесува на откупот на акции уште од првиот квартал на 2012 година.

За големиот пад на откупот на акции најголеми виновници се големите банки како што се „Morgan Stanley”, „Goldman Sachs”, „JP Morgan Chase” и  „Wells Fargo”, кои започнаа да штедат пари во пролетта заради очекуваниот раст на нефункционалните кредити.

Од друга страна, најголемиот купувач на сопствени акции беше „Apple“, кој за таа намена потроши 17,6 милијарди долари.

Анализи

АНАЛИЗА: Македонските банки со рекордни профити, но далеку зад банките во регионот

Објавено

на

Рекордниот раст на профитите на банките во текот на оваа година предизвика многу коментари и бурни реакции. Со нетрпение се очекуваат годишните финансиски извештаи на банките за да се види до каде ќе стигнат добивките на банките за 2023 година, односно на кое ниво ќе бидат поставени рекордите.(more…)

Продолжи со читање

Анализи

ММФ: Народната банка соодветно ја затегна монетарната политика и придонесе за значително забавување на инфлацијата

Објавено

на

„Народната банка презеде соодветни мерки за затегнување на монетарната политика коишто осигурија преполовување на инфлацијата во однос на ланскиот максимум“, се наведува во завршните согледувања на Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), којашто од крајот на октомври, досега, престојуваше во нашата земја како дел од редовните консултации коишто произлегуваат од членството на земјава во ММФ, како и во рамките на дискусиите околу Првиот преглед на кредитната линија за претпазливост и ликвидност (ПЛЛ). „Ваквата поставеност придонесе и за одржување на стабилноста на девизниот пазар, којашто беше надополнета и со преземените макропрудентни мерки, преку кои се зајакнува отпорноста на банкарскиот сектор, којшто и натаму е стабилен и ликвиден“, се наведува од страна на Мисијата.   (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Дали заврши времето на евтини потрошувачки кредити? Каматите се движат кон нивото од 2015 година!

Објавено

на

Полека, но сигурно се губи атрактивноста на потрошувачките кредити на банките како „куповна моќ“ на граѓаните за задоволување на некакви желби и потреби од секојдневието. Дефинитивно веќе не е време на примамливи каматни стапки, кои ги правеа потрошувачките кредити „евтино“ решение за обезбедување финансиски средства за некое патување, опремување на домот, школување… Дали времето на „евтините“ потрошувачки кредити дефинитивно заврши или пак ова е само привремен тренд наметнат од инфлаторните притисоци на пазарите? (more…)

Продолжи со читање

Популарно