Connect with us

Домашни банки

Банките преземаат активности за да излезат во пресрет на корисниците на субвенции за тутун

Објавено

на

Македонската банкарска асоцијација ја известува јавноста дека сите банки веќе преземат активности за соодветно да ги услужат своите клиенти – корисници на субвенции за тутун, коишто во текот на следната недела ќе имаат потреба од нивните услуги, притоа, максимално залагајќи се за заштита на јавното здравје.

Средствата од денес се достапни на сметките на сите клиенти – корисници на субвенции, на располагање да ги користат во согласност со своите потреби.

Корисниците на платежни картички со средствата можат да располагаат за плаќање во трговија или на банкоматите. За посебните термини за движење на овие клиенти надлежното министерство обезбеди повеќе информации.

Корисниците на субвенции коишто не поседуваат дебитна картичка, ако имаат потреба од подигнување готовина од субвенциите, тоа ќе можат да го извршат на благајните во експозитурите и филијалите на банките во коишто се нивните сметки, во општината во којашто живеат, според распоредот утврден од институциите, по азбучен ред, според почетната буква од презимето за физичките лица, односно почетната буква од називот за правните лица.

За распоредот клиентите ќе добијат и СМС порака од својата банка со информации кој ден да го користат доколку им е неопходно да ја посетат Банката.

Со цел подобро и поорганизирано процесирање на клиентите, кај дел од банките најавено е и продолжено работно време од вторник до петок (21-24 април) од 8 до 17 часот, во општините каде што живеат повеќе корисници на субвенции, и тоа:

– НЛБ Банка АД Скопје: Прилеп, Битола, Радовиш, Велес, Струмица, Кочани, Кавадарци и Неготино;
– Стопанска банка АД Скопје: Прилеп, Битола (Широк Сокак), Радовиш и Струмица.

Во другите општини, филијалите и експозитурите на сите банки ќе работат според претходно утврденото работно време.

Во општините во коишто банките ќе работат со продолжено работно време, при посета на филијала или експозитура заради подигнување готовина од исплатени субвенции, за корисниците на субвенции, движењето ќе биде овозможено до 18 часот за што соодветното Министерство ја информираше јавноста.

Притоа сите членки на Македонската банкарска асоцијација чии филијали/експозитури може да се очекува дека ќе бидат посетувани од корисници на субвенции информираат дека:

– Ќе работат со зголемен капацитет, притоа запазувајќи да имаат на располагање резервни тимови;
– На клиентите ќе им овозможат средство за дезинфекција при влез во експозитурата/филијалата;
– Ќе бидат ангажирани поголем број на редари од вообичаено за запазување на редот и соодветното растојание помеѓу клиентите.

Од МБА апелирааат до сите корисници на субвенции коишто ќе имаат потреба од користење на банкоматите, филијалите и експозитурите, да се придржуваат до мерките за самозаштита (користење на ракавици и маски) и да ја запазуваат потребната физичка дистанца од другите лица, заради заштита и на сопственото, и на здравјето на другите.

Со цел да се намалат гужвите, како и поради заштита на јавното здравје, од МБА ги замолуваат сите други клиенти на банките, во текот на следната недела, да ги земат во предвид овие информации при планирање на посетата на банките.

Македонската банкарска асоцијација ја уверува јавноста и клиентите дека сите банки преземаат и ќе преземаат активности во рамки на својот максимум за заштита на здравјето на своите клиенти.

Домашни банки

Халкбанк уште еднаш ја покажа на дело својата општествена одговорност – Банката откупи 300 билети од МНТ со цел поддршка за културата

Објавено

на

Изминатиов период, додека светот се соочува со пандемијата од вирусот КОВИД-19, а бизнисите ги трпат економските последици, сведоци бевме како Халкбанк, низ повеќе активности и иницијативи, дава поддршка на повеќе трговци кои беа погодени од корона кризата. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Глобал Фајнанс ја прогласи Халкбанк за „Најдобра банка за работа со население за 2020 година“

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје од страна на престижниот светски финансиски магазин Глобал Фајнанс (Global Finance) е прогласена за Најдобра банка за работа со население за 2020 година. Истовремено, банката е добитник и на наградата „Commerzbank’s STP Award 2019“ која ја доделува лидерот за меѓународни финансиски услуги Комерцбанк АГ како признание за брзината и квалитетот на меѓународните плаќања и трансфери. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Промена на работното време на експозитурите на Шпаркасе Банка

Објавено

на

Од 02.07.2020 година а заклучно со 18.07.2020 година, Шпаркасе Банка Македонија започна со издавање на домашната платежна картичка „Купувам домашно“, која е дел од третиот сет на мерки на Владата на Република Северна Македонија за поддршка на одредени групи на граѓани и ревитализација на домашната економија. (more…)

Продолжи со читање

Популарно