Connect with us

Домашни банки

Банките предвремено ќе ја исплатат и јулската пензија

Објавено

на

Македонската банкарска асоцијација ја известува јавноста дека банките се подготвени предвремено да ја извршат исплатата на јулските пензии.

Сите пензионери коишто поседуваат дебитни картички, веќе во утре – вторник, 28-ми јули 2020 година, преку банкоматите и во трговската мрежа ќе располагаат со својата пензија.

Готовинската исплата на пензиите, за оние пензионери коишто не поседуваат дебитни картички, ќе се спроведе во групи, според следниот распоред:

–  во вторник, 28 јули – пензии во висина до 11.000 денари;

–  во среда, 29 јули  – пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари;

–  во четврток, 30 јули  – пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари;

–  во петок, 31 јули –  пензии во висина над 18.000 денари.

Од МБА ги замолуваат клиентите коишто не поседуваат дебитна картичка да се придржуваат до овој распоред со цел успешно спроведување на исплатата.

Македонската банкарска асоцијација потсетува дека корисниците на банкарски услуги при посета на филијалите и експозитурите треба да носат лична заштитна опрема и да одржуваат соодветна дистанца согласно со насоките и препораките.

Домашни банки

НЛБ Банка оствари нето добивка од 10,6 милиони евра во првиот квартал од 2022 година

Објавено

на

Во периодот од 1.1.2022 до 31.03.2022 година, НЛБ Банка АД Скопје работеше согласно усвоената Деловна политика на Банката за 2022-та година. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

НЛБ Банка ќе исплати дивиденда во висина од 10,2 милиони евра

Објавено

на

На Собранието на акционери на НЛБ Банка одржано на 12.05.2022 година беше усвоена Одлуката за распределба на дивиденда за 2021 година и утврдување на дивиденден календар. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Комерцијална банка и ЕБРД со нова кредитна линија: 2 милиони евра за поттикнување на малите бизниси

Објавено

на

Со нова кредитна линија од 2 милиони евра Комерцијална банка ќе ги поддржи малите и средните претпријатија за поттикнување на нивните бизниси во пост-ковид периодот. Кредитната линија е обезбедена од Европската банка за обнова и развој, а е дел од новата Програма на ЕБОР за поддршка на малите и средните фирми со цел опоравување на малите бизниси по забавениот раст предизвикан од пандемијата. (more…)

Продолжи со читање


Популарно