Connect with us

Странски банки

Банките почнаа да им плаќаат на клиентите за да подигнат кредит!

Објавено

на

Третата најголема банка во Данска, Jyske bank на клиентите им понуди кредити со рок на отплата на 10 години со негативна каматна стапка од 0,5%, што всушност значи дека клиентите ќе вратат помалку пари отколку што позајмиле. На пример, ако некој клиент купи куќа за милион долари и ја отплати хипотеката за десет години, на банката Jyske ќе и врати само 995.000 долари, пренесува Business Insider.

Сепак, треба да се има предвид дека дури и со негативната каматна стапка, банките на клиентите секогаш им наплаќаат одредени провизии, што значи дека на крајот кога клиентот ќе ја исплати и последната рата од кредитот, тој ќе врати поголем износ од позајмениот.

 „Пред само неколку месеци би рекле дека ова е невозможно, но изненадувањата постојат. Ова е ново поглавје во историјата на хипотеките и отвора нови можности за сопствениците на домови“, изјави економистот Микел Хег од данската банка Jyske.

Негативната каматна стапка на Jyske е последна во низата екстремно ниски, евтини кредити за недвижности во Данска. Задолжувањето на Данците никогаш не било поевтино, па така Nordea bank Abp следејќи го примерот на Jyske, им понуди на клиентите станбени кредити со нула проценти каматна стапка.

Странски банки

Извршниот директор на ЈП Морган Чејс заработи 31,5 милиони долари во 2019 година

Објавено

на

Главниот извршен директор на американската инвестициска банка „JP Morgan Chase”, Џејми Дајмон доби покачување од половина милион долари за 2019 година, со што неговата вкупна заработка за годината достигна 31,5 милиони долари, соопшти банката, пренесува Reuters. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

НЛБ планира да издаде нов пакет на субординирани обврзници

Објавено

на

Нова Љубљанска банка (НЛБ) повторно планира да издаде субординирани обврзници за прибирање на дополнителен капитал. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Европските банки да се подложат на нов стрес тест

Објавено

на

Европското банкарско регулаторно тело има идеја да воведе нови стандарди и критериуми при спроведувањето на стрес тест за банките. Според Жозе Мануел Кампа, директорот на ова тело, стрес тестот наменет за европските банки не е променет откако се случи големата финансиска и должничка криза во Европа.

Затоа Кампа предложува да се види како се движи капиталот и ликвидноста на банките под надворешен притисок но, во сценарио кое денес е пореално.

Прилагодувањето на стрес тестот на поактулени и пореални економски, финансии и надворешни закани не значи дека веднаш и многу лесно ќе се спроведе особено што за дел од европските банки овој период на ниско каматни стапки може да укаже на нови слабости кои пак, според нив може да предизвикаат непотребна паника.

Имено Deutsche Bank е под лупа дека добивала полесни стрес тестови од ECB за да не се предизвикаат дополнителни потреси во и онака деликатната корпоративна состојба на една од некогаш најмоќните финансиски институции.

Без оглед на заложбите на Европскиот банкарски авторитет не постои надлежност да се наметне нивниот стрес тест во споредба со националниот регулатор без оглед што е тело на Европската Унија, односно локалниот регулатор го спроведува стрес тестот сам според дадените препораки.

Сепак, заложбите на ЕБА ќе бидат во насока стрес тестот да даде поголем број на информации за состојбите на банките според насоките, а процедурите да бидат поевтини и поедноставни за спроведување.

Продолжи со читање

Популарно