Connect with us

Останато

Банките перат валкани пари и никому ништо

Објавено

на

Преку најголемите банки веројатно се испрани две милијарди сомнителни долари, пишува главната уредничка на „DW”, Мануела Каспер-Клериџ.

Таа зачудено се прашува зошто никој не го покажува гневот кон банките и зошто воопшто не се прави притисок врз банките во овој поглед.

„Во какво општество живееме кога повеќето луѓе само креваат раменици по веста дека многу банки префрлиле две милијарди долари со нејасно потекло“, изјави Каспер-Клериџ во својот авторски текст.

„Нејасното потекло“ всушност значи дека криминалците веројатно переле валкани пари преку големите банки. Меѓу нив, таа додава дека има мафијаши и контроверзни олигарси. Помина една недела откако беа објавени таканаречените досиеја „FinCEN”, кои ги открија 400 новинари ширум светот.

„Така, задоцнето добивме увид во мрежите преку кои „течат” милијарди. Но, зошто нема јавен излив на гнев? Каде се барањата за оставки на шефовите на банките? Наместо тоа, гледаме дека на многу луѓе не им е грижа, во стил: таму и онака ништо не може да се промени“, наведува таа.

Каспер-Клериџ посочува дека многу големи банки, како „Deutsche bank”, „HSBC” или „JP Morgan”, се вклучени во сомнителни трансакции, во кои многу обични луѓе исто така, имаат тековни сметки.

Таа верува дека тие „свртеле глава, а сомнителните трансакции ги пријавиле со големо задоцнување или воопшто и не ги пријавиле“, и проценува дека банките кои извршувале сомнителни трансакции имаат проблем со разбирање на моралот.

„И нарко-картелите исто така, ги користат услугите на овие банки. Половина милион луѓе во светот умираат секоја година како резултат на конзумирањето на дрога, но картелите што произведуваат и дистрибуираат кокаин и хероин можат цврсто да сметаат на комплицирани и сомнителни трансакции за да ги направат своите пари чисти во одреден момент. Перењето пари функционира затоа што системот за контрола не е адекватен за да го спречи тоа“, се вели во авторскиот текст на Каспер-Клериџ.

Тие исплати и повлекувања на нечисти пари, на крајот чинат човечки животи и затоа ова нè засега сите нас и затоа нешто мора да се смени, наведува главната уредничка на „DW”.

Нашиот банкарски систем, додава таа, веќе не е во склад со времето. Желбата за профит е сосема прифатлива, но само доколку до тој профит се стигне придржувајќи се до правилата и прописите за банкарско работење.

Во САД веќе постои правило дека банките мора да пријават сомнителни трансакции во рок од еден месец – но, никој не се придржува кон тоа правило, тврди авторот и наведува дека новинарското откритие покажало дека банките пријавуваат сомневања за перење пари во просек по шест месеци од нивното извршување.

„Очигледно е дека системот не функционира. Се чини дека банките не брзаат да ги стават на располагање на истражителите податоците на своите клиенти за да ја олеснат истрагата. Тоа мора да се промени. Притисокот на јавноста врз банките мора да биде толку голем така што тие ќе се чувствуваат принудени веднаш да пријават сомнителни трансакции. Перењето пари не смее да стане деловен модел кој и понатаму ќе се толерира“, се вели во текстот.

„Слабата контрола и штети и на економијата и на сите нас. Криминалните текови на пари мора да бидат запрени, бидејќи, на крајот, станува збор и за наши пари. Значи, имаме доволно причини да бидеме лути”, заклучува главната уредничка на ДВ, Мануела Каспер-Клериџ.

Останато

Се менува Законот за ДДВ, ќе се прифаќаат електронски фактури

Објавено

на

Со крајна цел да се олесни процесот на издавање, пренос и прием на фактура, ќе се даде можност за користење на фактура во електронска форма – pdf или друг електронски формат – се предвидува во измените на Законот за данокот на додадена вредност кои беа усвоени од страна на Владата. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Арафат Муареми: Отворена е истрага за Еуростандард банка, а има и индиции за злоупотреба на европските фондови

Објавено

на

Финасиската полиција отвори предистрага за „Еуростандард банка“, изјави вчера во емисијата Трилинг на ТВ24 директорот на управата Арафат Муареми.

(more…)

Продолжи со читање

Останато

Македонската компанија „Брејнстер“ го освојува австрискиот пазар со обуки за дигитални вештини

Објавено

на

Најпознатата македонска компанија од сферата на образованието базирано на потребите на индустријата, по пет години од своето постоење во земјава се шири во Европа. Брејнстер е еден од ретките македонски брендови кои успешно просперираат на австрискиот пазар. Првите предавања во Виена официјално започнуваат во понеделник, во рамки на т.н. Bootcamps посветени на двете во моментот најбарани и најплатени професии во дигиталниот свет – UX/UI Design и Data Science. (more…)

Продолжи со читање

Популарно