Платежни картички
Банките оваа недела ќе започнат со издавање на новите платежни картички „Купувам домашно“!?

Министерката за финансии Нина Ангеловска соопшти дека оваа недела, веднаш штом ги добијат листите со корисници, банките ќе започнат да ги издаваат платежните картички „Купувам домашно“, наменети за помош на граѓаните како дел од третиот сет економски мерки на Владата, а средствата ќе им бидат исплатени директно од Буџетот, преку владината КОВИД програма.
„Уредбата за платежните картички е веќе донесена, деновиве се обработуваат финалните листи на граѓаните кои ќе бидат објавени јавно. Секој што не сака да добие поддршка, може да каже. Очекуваме средствата да бидат префрелни во текот на идната недела или најдоцна после тоа да се изврши исплатата. Не гледаме дека би имало пречка во реализацијата на картичките, се работи за обемен проект кој бараше добра координација меѓу сите институции. Со платежната картичка „Купувам домашно“ граѓаните ќе плаќаат безготовински што ќе влијае на долг рок на креирање на навиките за безготовисно плаќање, но и на справување со неформалната економија”, изјави министерката Ангеловска.
Таа ги повика сите мали и средни бизнси кои немаат ПОС терминал, да набават, за да можат да ги примаат картичките.
„Најголем дел од банките ги нудат ПОС темирналите без никаков трошок без ралика на прометот”, се надоврза Ангеловска уште еднаш потенцирајќи дека ковид-кризата треба да ја искористиме за да промениме некои работи, да ја забрзаме нашата трансформација – и на економијата и на општеството.
Во врска со картичката, Ангеловска рече дека ова е прв пат да имаме ваков современ начин на аплицирање, без граѓаните да бидат принудени да одат во институциите.
„Сакаме да овозможиме на најлесен начин да ја добијат таа помош, да ја искористат на домашни производи и услуги за проектираните 25 милиони евра да имаат најголемо влијание и помош врз економијата”, додаде Ангеловска.
Платежни картички
АПЛИЦИРАЈ, АКТИВИРАЈ И ДОБИЈ БОНУС со Visa Gold кредитните картички на Халкбанк!

Од 15.03.2023 сите клиенти кои ќе аплицираат за Visa Gold кредитна платежна картичка за физичко лице издадена од Халкбанк АД Скопје имаат можност да добијат 500 бонус поени на картичката. (more…)
Платежни картички
ШПАРКАСЕ БАНКА: ПРВА БАНКА ШТО ЌЕ ИЗДАВА ЦЕЛОСНО РЕЦИКЛИРАЧКИ КАРТИЧКИ

Како дел од зелената транзиција, за првпат во банкарскиот сектор во земјава Шпаркасе Банка започна да издава Visa Eco картички од рециклирачки материјал, со посебни својства на разградливост. Производството на картички на разградлив материјал, ќе влијае да се заштедат минимум 300 кг пластика произведена и одложена во животната средина годишно, или еквивалент на 1.800 кг CO2. (more…)
Платежни картички
ИутеКредит ја воведува првата биоразградлива картичка во земјата

Еко свесноста е еден од главните принципи во работењето на ИутеКредит Македонија. Постојаното залагање за развој на финансиски услуги кои ќе остават што помал белег на природните ресурси се пресликува и во користење на производи кои се во синергија со оваа мисија на компанијата. (more…)
- Анализипред 2 weeks
8 МАРТ АНАЛИЗА: Колку се застапени жените во Управните одбори на банките во Македонија?
- Анализипред 2 months
ТЕШКА ГОДИНА – РЕКОРДНИ ПРОФИТИ: Трите најголеми македонски банки со добивка од 117 милиони евра во 2022 година
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Интервјуапред 2 months
Очекувања 2023 година | МИЛКА ТОДОРОВА, УНИБанка АД СКОПЈЕ
- Интервјуапред 2 months
Очекувања 2023 година | Д-Р БИЛАЛ СУЏУБАШИ, ХАЛКБАНК АД СКОПЈЕ
- Банкипред 1 week
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Комерцијална банка