Connect with us

Домашни банки

Банките нема да им наплаќаат на социјалните случаи за деблокирање на сметките

Објавено

на

Банките нема да им наплаќаат на социјалните случаи за деблокирање на сметките поради неплатени долгови. На вчерашната средба на Банкарската асоцијација со министерот Тевдовски и министерката Дескоска, банките се согласиле да не наплаќаат надомест доколку се блокира сметка на човек кој е социјален случај, прима алиментација, хуманитарна помош или друг вид заштитен приход.

“И тие се свесни дека она што банките го наплаќаат како 2.500 денари за деблокирање на сметка на примател на социјална помош, студентска стипендија, е недозволиво да го плаќа, тоа е голема сума, а за банките исклучувањето на овој надомест не е никаков финансиски проблем. Остануваме на законските одредби и имаме согласност од банките„, рече министерката за правда Рената Дескоска  и додаде: “ Во овој предлог на законот кој сега е во собраниска процедура стои дека доколку дојде до блокирање сметка на лице кое со закон е изземено од извршување, односно има приход што не смее да се извршува, дали тоа е социјална помош, алиментација, хуманитарна помош или друг тип на заштитен приход, ниту банките ниту извршителите нема да смеат да наплатат надоместоци. Вчера јас и министерот за финансии имавме состанок со Македонската банкарска асоцијација, тоа беше работна средба. МБА се согласи со лимитите дадени во законот и од тој аспект тие се свесни дека она што некои банки го наплаќаат како 2.500 денари за одблокирање на сметка на лице примател на социјална помош или примател на студентска стипендија е недозволиво. Тоа е голема сума за граѓанинот, а за банките исклучувањето на овој надомест или правењето на ваква активност без надомест не е финансиски товар„.

Според предложениот закон, за долговите до 1.000 евра трошокот за деблокирање од 20 евра ќе се намали на 2 евра а за поголемите долгови ќе се плаќа најмногу 6 евра.

“Ќе има промени и кај луѓето со минимална плата и кај нив ќе има намалување, бидејќи има побарувања од 90-тите години за кои извршителите не се криви„, изјави Зоран Димов од Комората на извршители.

Димов информира дека од воведувањето на приватното извршување до сега е наплатена сума од 1,2 милијарди евра, а лани е постигнат рекорд со 170 милиони евра. Според него, извршувањето ги дисциплинирало граѓаните, па сега 99% од нив си ги плаќаат сметките за комуналните услуги без интервенција на извршителите. Така, како што информира, 2006 година, кога извршителите имале најмногу работа, примиле 120.000 предмети, иако само три до четири комунални претпријатија до граѓаните доставуваат вкупно 12 милиони такви сметки, што значи дека извршителите требале да наплатат само еден процент од нив.

Домашни банки

НЛБ Потрошувачки кредити – Баш како што сакаш!

Објавено

на

НЛБ Банка во периодот од 11.03.2019 до 31.05.2019 година води промотивна кампања за сите кредити за физички лица. Во рамки на промотивната понуда, Банката меѓу другото, нуди нови потрошувачки кредити со пониски каматни стапки. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Стопанска банка АД-Скопје врши промена за водење сметки на пензионери

Објавено

на

Стопанска банка АД-Скопје ги известува своите клиенти дека, почнувајќи од 01.04.2019 ќе изврши промена на надоместокот за месечно водење на трансакциски и штедни сметки на пензионери. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

НЛБ Станбени кредити – Твој дом, твој избор!

Објавено

на

НЛБ Банка во периодот од 11.03.2019 до 31.05.2019 година води промотивна кампања за сите кредити за физички лица. Во рамки на промотивната понуда, Банката меѓу другото, нуди нови станбени кредити со пониски каматни стапки. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange