Connect with us

Странски банки

Банките забрануваат употреба на апликацијата Zoom

Објавено

на

Standard Chartered” стана првата банка во светот што ја забрани употребата на апликацијата „Zoom“, бидејќи новиот принцип на работа од дома предизвикува загриженост за компјутерска сајбер безбедност.

Во известувањето од извршниот директор Бил Винтерс, за работната сила на банката, тој исто така, предупреди да не се користи „Google Hangouts” за виртуелни собири.

Основана од поранешен вработен во компанијата „Cisco”, Ерик Јуан, „Zoom“ бележи огромен раст на корисниците од појавата на пандемијата предизвикана од коронавирусот, зголемувајќи ја својата база на клиенти на 200 милиони, од само десет милиони колку што имаше претходната година.

Меѓутоа, безбедносните пропусти во апликацијата доведоа до нагло „зумбирање“, бидејќи хакерите што ги хакираа состаноците вметнуваа разголени вулгарни слики, лажни слики во презентациите на компаниите, а најдалеку одеа и со расно навредување на дел од учесниците на виртуелните собири и состаноци.

Пристапот на „Standard Chartered” допрва ќе го копираат и другите големи банкарски гиганти. Претходно овој месец, руската банка „Сбербанк” активно се здружи со „Google“ за да започне серија семинари на деловни активности на Интернет во „Hangout“, давајќи совети на компаниите што ја вршат својата дејност од далечина за време на затегнување на движењето и собирите во услови на пандемијата од коронавирусот.

Во септември минатата година, „HSBC” потпиша глобален договор за лиценца за користење на „Zoom” апликацијата за видео конференции, аудио конференции и споделување на екранот во мобилни, работни и конференциски простории, како и за состаноци во затворен и надворешен простор. Но, тој договор најверојатно ќе биде раскинат со оглед на големите безбедносните пропусти на апликацијата.

Криптовалути

Централната банка на Русија со предлог целосно да се забрани издавање и употреба на криптовалути

Објавено

на

Централната банка на Русија предложи целосна забрана за издавање, „рударење“ и тргување со криптовалути во Русија, пренесува руски „Комерсант“. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Централните банки во светот забрзано се префрлаат од доларот кон златото

Објавено

на

Централните банки во целиот свет забрзано ги зголемуваат резервите на злато кои ги имаат и кои минатата година достигнаа максимум во последните 31 година. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

2021 година ќе биде рекордна во однос на профитите за американсите банки!?

Објавено

на

Најголемите банки на „WallStreet” наскоро треба да пријават рекордни профити во 2021 година, благодарение на високите приноси во секторот на инвестициското банкарство и помалите од очекуваните загуби од кредитите. (more…)

Продолжи со читање

Популарно