Connect with us

Странски банки

Банките во Србија и годинава нема да исплаќаат дивиденда, како ќе постапат домашните банки?

Објавено

на

Банките кои работат во соседна Србија нема да можат да им исплатат дивиденда на своите акционери ниту оваа година, бидејќи важноста на Договорот склучен од НБС и комерцијалните банки минатата година е продолжена со цел да се зачува стабилноста на финансискиот систем во пандемијата, објасни централната банка.

Овој договор меѓу другото, предвидува дека деловните банки нема да распределуваат профит за исплата на дивиденда на нивните акционери за време на неговата важност и во услови на вонредна здравствена состојба.

Сепак, Комерцијална банка АД Белград, чии акции се тргуваат на белградската берза, минатата година исплати дивиденда, што беше составен дел од договорот за приватизација, постигнат меѓу државата и новиот мнозински сопственик НЛБ.

Минатата година Комерцијална банка – Белград им исплати на акционерите дивиденда за 2019 година, како и одобрена, но не исплатена дивиденда од претходните години, во вкупен износ од повеќе од 104 милиони еврa.

Што ќе се случува со банките во Македонија останува да видиме, иако минатата 2020 година дел од банките исплатија дивиденда, а дел ја задржаа неисплатена со образложение дека тоа го прават за да се зачува стабилноста на финансискиот систем.

Странски банки

ИКЕА го разгранува бизнисот во потрошувачко банкарство!?

Објавено

на

Сопственикот на продавниците на ИКЕА, „Ingka Group”, во четвртокот изјави дека се согласил да купи 49% од акциите на партнерот за финансиски услуги „Ikano Bank”, како дел од притисок за зголемување на понудите на услуги што ги нуди компанијата. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

2020 година за сите банки беше крајно непогодна, но не и за Дојче Банка – Банката за прв пат по 2014 година оствари нето добивка

Објавено

на

Во 2020 година, „Deutsche Bank” се врати на патот на профитaбилноста за прв пат од 2014 година, благодарение на силниот оддел за инвестициско банкарство, објави германскиот банкарски гигант во својот редовен годишен финансиски извештај. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Профитите на банките во Црна Гора се преполовија за една година

Објавено

на

Комерцијалните банки во Црна Гора, според прелиминарните деловни резултати, оствариле профит од 22,7 милиони евра на крајот на минатата 2020 година. Тоа претставува повеќе од двојно намалување на профитот кои тие го остварија на крајот на 2019 година, кога прикажаа добивка од 48,6 милиони евра. (more…)

Продолжи со читање


Популарно