Connect with us

Странски банки

Банките во ЕУ ги заоструваат условите за станбен кредит по нереалното поскапување на недвижностите

Објавено

на

По предупредувањето на ЕУ за „прегреаност” на пазарот на недвижности, банките ги зголемија резервите за да се заштитат од можни проблеми при отплатата на кредитите, пишува загрепски „Вечерњи лист”.

Централната банка оваа седмица воведува нова мерка со која се зголемува антицикличниот заштитен слој на капиталот во банките од нула на 0,5 отсто. Со одлуката се наложува банките да ги зголемат сопствените резерви за да се заштитат од можни проблеми со отплатата на кредитите во иднина.

До зголемување на стапката на заштита дојде по предупредувањето на европскиот регулатор кој идентификувал системски ризици и „прегревање” на пазарот на недвижнини во Хрватска, со поголем и побрз раст на цените на становите и куќите отколку кај другите економски показатели.

Покрај Хрватска предупредувања за идентични ризици се упатени и до Бугарија, Унгарија, Лихтенштајн и Словачка, со препораки да преземат мерки за справување со состојбите, додека на Австрија и на Германија им се дадени конкретни препораки за ладење на прегреаниот пазар.

Врз основа на социо-демографските и економските движења германската Бундесбанка проценува дека недвижностите во германските градови се за 15 до 50 отсто поскапи отколку што навистина вредат.

Што точно ќе донесат посочените препораки во реалноста најдобро се гледа во примерот на Австрија која воведе значајни ограничувања за станбените кредити. Според новиот закон, ратата на станбен кредит во Австрија не смее да надмине 40 отсто од месечната плата, може да се земе на најдолг рок од 35 години, а сопствениот удел е вратен на 10 или 20 отсто од вредноста на кредитот.

Странски банки

First Citizens Bank ја купува Silicon Valley Bank за 72 милијарди долари

Објавено

на

Американската банка „First Citizens Bank” ќе ги откупи за 72 милијарди долари преостанатите кредити и депозити на „Silicon Valley Bank” (SVB), која беше преземена од американските регулатори поради банкрот на почетокот на месецот. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Се разгледуваат дисциплински постапки против менаџерите на Credit Suisse!?

Објавено

на

Швајцарскиот финансиски регулатор (ФИНМА) објави дека размислува дали да покрене дисциплинска постапка против извршниот директор на „Credit Suisse”, откако втората по големина банка во Швајцарија минатата недела мораше да биде откупена од најголемата швајцарска банка, „UBS”, со цел да се избегне колапс на банкарскиот сектор. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Централната банка на Албанија ја зголеми основната каматна стапка

Објавено

на

Централна банка на Албанија ја зголеми основната каматна стапка за 0,25 проценти, како чекор да обезбеди економска и финансиска стабилност во земјата, јави државната агенција АТА. (more…)

Продолжи со читање

Популарно