Connect with us

Странски банки

Банките во еврозоната позајмија рекордни 1.300 милијарди евра од ЕЦБ

Објавено

на

Банките во еврозоната позајмија рекордни 1.300 милијарди евра од Европската централна банка (ЕЦБ) за да ја задоволат зголемената побарувачка на компаниите за кредити во време на невидена рецесија.

ЕЦБ ја започна програмата „Целни  долгорочни операции за рефинансирање“ (ТЛТРО) пред шест години, а годинава ја измени за да и помогне на економијата да ги надмине тешките последици од пандемијата на коронавирусот.

Комерцијалните банки позајмија вкупно 1.300 милијарди евра од програмата за период од три години, со каматна стапка од минус еден процент.

Позајмениот износ е најголем откако ЕЦБ го воведе ТЛТРО, но е помал во нето-услови, бидејќи банките веројатно користеле дел од износот за репрограмирање на старите заеми на ЕЦБ за да ги искористат поволните каматни стапки.

Негативна каматна стапка значи дека банките ќе заработат 0,5 проценти за една година без никакви услови или еден процент под услов да не го намалат кредитното портфолио.

Во преостанатите две години до достасувањето на заемот, каматната стапка ќе биде идентична со каматната стапка на депозитите на ЕЦБ, која во моментов е на минус 0,5 проценти.

Странски банки

Странците во црногорските банки чуваат 747 милиони евра депозити

Објавено

на

На крајот на јуни годинава, нерезиденти и странци имале 747 милиони евра депозити во банките во Црна Гора. Во исто време, вкупните депозити на граѓаните и фирмите изнесувале 33 милијарди евра. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

„Intesa Sanpaolo” оствари нето-добивка од 2,56 милијарди евра во првата половина на 2020 година

Објавено

на

Управниот одбор на меѓународната банкарска групација „Intesa Sanpaolo”, во чии рамки делува „Banca Intesa”, го одобри консолидираниот полугодишен извештај на 30 јуни 2020 година. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Заборавете на доларот, купувајте злато! Цената на овој скапоцен метал допрва ќе расте

Објавено

на

Тековната финансиска политика на американските власти ја поткопува довербата во доларот и ги принудува инвеститорите да купуваат злато што е можно поактивно. Ваквиот коментар го објави една од најголемите светски инвестициски банки во светот, „Goldman Sachs“, пренесува „Bloomberg“. (more…)

Продолжи со читање

Популарно