Странски банки
Банките во еврозоната планираат да ги заострат критериумите за одобрување кредити на компаниите


Банките во еврозоната планираат да ги заострат критериумите за доделување станбени и корпоративни кредити на крајот на годината, додека критериумите за потрошувачки кредити треба да се релаксираат, покажа денеска објавеното истражување на Европската централна банка (ЕЦБ).
Критериумите за одобрување станбени кредити беа заострени уште во третиот квартал, додека оние за кредити на фирмите беа ублажени. Домаќинствата, пак, би можеле да очекуваат горе-долу исти услови за давање потрошувачки и други кредити како во текот на пролетта.
Побарувачката на фирмите за заеми и кредитни линии беше малку повисока во периодот од јули до септември во однос на претходниот квартал, покажува истражувањето на ЕЦБ, спроведено меѓу 146 банки од еврозоната во периодот од 20 септември до 5 октомври.
Граѓаните, пак, охрабрени од ниските камати и оптимизмот дека состојбата во економијата ќе се подобри по олабавувањето на корона мерките, летоска покажаа поголем апетит за станбени и потрошувачки кредити.
Кредиторите очекуваат натамошно зголемување на нето побарувачката на компаниите и домаќинствата за кредитирање во четвртиот квартал, покажа кварталното истражување на ЕЦБ.
Условите за кредити што ги склучија компаниите во периодот од јули до септември беа нешто поблаги отколку пролетните, додека граѓаните за станбени кредити склучуваа договори под построги услови од минатата пролет. Условите на потрошувачките кредити беа повеќе или помалку непроменети.
Истражувањето покажа и дека банките полесно доаѓале до пари во третиот квартал и преку депозити и преку должнички хартии од вредност и пазарот на пари. Очекуваат овој тренд да продолжи и во четвртиот квартал.
Странски банки
„Fitch” го намали кредитниот рејтинг на „Credit Suisse”


„Credit Suisse” доби намалување на кредитниот рејтинг од реномираната компанија за кредитен рејтинг „Fitch”. (more…)
Странски банки
ЕИБ ќе обезбеди насочена поддршка за регионалните економии за справување со негативните ефекти од актуелната криза


Во соработка со Народната банка на Северна Македонија, Европската инвестициска банка (ЕИБ) ја коорганизираше 8. меѓународна истражувачка конференција на тема Јакнење во време на криза: улогата на политиките, по повод 30 години монетарна самостојност на државата. Настанот се занимаваше со актуелните предизвици несигурност што произлегува од прилагодувањата на политиките по пандемијата и политичкиот одговор потребен за справување со зголемените стокови и енергетски шокови предизвикани од војната во Украина. Тој ја илустрираше засилената соработка на ЕИБ со нејзините партнери во Северна Македонија и постојаната поддршка што банката ја дава за економската стабилност на земјата и процесот на интеграција во ЕУ повеќе од 40 години. (more…)
Странски банки
Светска банка: Војната предизвикува најголема економска штета во Источна Европа и Азија


Светската банка ја намали прогнозата за глобалниот економски раст поради војната во Украина. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брз онлајн кредит – за пролетно чистење сметки
- Анализипред 2 months
Кои се петте најпрофитабилни македонски компании во 2021 година!?
- Кредитипред 3 weeks
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Домашни банкипред 2 months
Промени во Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 4 weeks
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
- Банкипред 1 week
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје