Connect with us

Странски банки

Банката UniCredit воведува негативни каматни стапки за штедењето

Објавено

на

Италијанската банка UniCredit воведува негативни каматни стапки, но само на депозитите поголеми од милион евра, соопштуваат од банката, ублажувајќи ги почетните намери за префрлање на дел од трошоците на клиентите. Европските банки пробуваат да најдат решение за намалување на приходите од кредитирање по одлуката Европската Централна Банка (ЕЦБ) за намалување на камтните стапки на нивните депозити уште подлабоко во негативно подрачје од 0,5 %.

Извршниот директор на UniCredit, Жан Пјер Мустиер ја повика ЕЦБ, во име на Европската банкарска федерација, чиј претседател е тој, да го ублажи влијанието на негативните каматни стапки врз банките, препорачувајќи да се воведат провизии на депозитите. Минатата недела  Мустиер изјави дека во UniCredit работи на мерките со кои би се префрлиле трошоците на ЕЦБ од негативните каматни стапки, на клиентите кои имаат депозити поголеми од 100 илјади евра.

UniCredit банка во понеделникот соопшти дека банката ќе воведе негативни каматни стапки, но само за клиенти кои имаат повеќе од еден милион евра на своите сметки. Тие сочинуваат помалку од 0,1 проценти од вкупната база на депозитно портфолио.

„За депозитите чијшто биланс на состојба го надминува прагот од еден милион евра, ќе разговараме со клиентите за ад хок мерки за да се земат предвид директните промени во макроекономското опкружување“, објаснува ПР-от на банката.  Банката сака да им понуди и алтернативни решенија на клиентите.

“Како алтернатива, ние ќе им понудиме вложување во инвестициски фондови кои имаат за цел позитивни приноси, и тоа без надомест“, – додаде ПР-от на UniCredit банка.

Здружението на италијанските банки остро ја критикуваa „неодговорната“ објава на Мустиер, а во Здружението на потрошувачите „Codacons“ најавиле дека таквите чекори на банката ќе ги оспорат пред судот. Италијаните се склони на штедење во банките кое достигнало до 1,170 милијарди евра, според податоците на Централната банка на Италија. Банките во Италија можат да наплатуваат камати на штедењето, но повеќето тоа не го прават, со цел да ги спречат своите клиенти да се преселат во некоја од конкурентните банки.

Глобалниот банкарски гигант UBS во јули објави дека од почетокот на ноември ќе наплатува негативна каматна стапка од 0,75 проценти на богатите клиенти чија заштеда е поголема од два милиони швајцарски франци од матичната земја Швајцарија.

Во Данска, која меѓу првите воведе негативни каматни стапки на штедење, две банки веќе почнаа да наплатуваат камати на штедењето на богатите клиенти, а во почетокот на октомври истата мерка ја најави и Spar Nord.

Криптовалути

Кина им подели по 25 евра на граѓаните на Шенжен за популаризација на дигиталната валута

Објавено

на

Кинеските власти на 50.000 жители на Шенжен избрани по случаен избор им поделија дигитални валути во вредност од 10 милиони јуани, што е еднакво на околу 25 евра по лице. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Французинката Одил Рено-Басо е нова директорка на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР)

Објавено

на

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја избра денеска Французинката Одил Рено-Басо за нова директорка, на своето Генерално собрание кое се одржува виртуелно поради пандемијата на Ковид-19. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Акционерите на ЕБОР го одобруваат членството на Ирак

Објавено

на

Ирак го направи првиот чекор да стане членка на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). (more…)

Продолжи со читање

Популарно