Connect with us

Странски банки

Банката сака да ја покрие загубата, па подготвува отказ за најмалку 1.000 вработени!

Објавено

на

Француската банка Сосиете Женерал планира намалување на работните места во својата инвестициска банка и бара партнер за бизнисот со готовински капитал во обид да го да го неутрализира зголемениот притисок на расходите предизвикани од регулаторните промени, велат луѓето што се запознаени со ова прашање, пренесува Блумберг.

Имено, Банката може да намали најмалку стотици, па дури и илјадници работни места во нејзиниот Сектор за глобално банкарство и инвестициски решенија, вклучително и улоги во функциите за поддршка, како што се финансиите и човечките ресурси, рече едно лице запознаено со ситуацијата, барајќи да не се идентификува бидејќи предметот е доверлив.

Сосиете Женерал одби да даде изјава на оваа тема.

Секторот за глобално банкарство и инвестициски решенија на Сосиете Женерал брои повеќе од 20.000 вработени. Еден од главните француски синдикати на СГ, на 8 февруари најави дека банката ја разгледува опцијата за значително намалување на работните места.

Главниот извршен директор, Фредерик Оудеа изјави дека е прерано да се коментираат било какви одлуки за бројот на вработени лица.

“Во 2018 година, инвестициската банка на Сосете Женерал Фрупацијата не беше во согласност со сопствениот буџет во однос на приходите и трошоците”, изјави Џонатан Ферон, инвестициски директор во Абердин Стандард Инвестментс. Тој додаде дека е неопходно да се направи одредена корективна акција.

Проблемите со кои се соочува Сосиете Женерал се чувствуваат и во регионот, па така се поочигледно е повлекувањето од Балканот. ОТП Банка беше еден од најсериозните кандидати за преземање на капиталот на француската банка, но инволвираноста на врвни претставници од менаџментот во скандал со перење на пари го “дисквалификуваше” овој банкарски гигант од трката.

Странски банки

Дојче банк и Комерцбанк во формални преговори за спојување!

Објавено

на

Двете најголеми германски банки, Дојче банк и Комерцбанк, ќе започнат формални преговори за спојување. Оваа најава става крај на шпекулациите кои кружеа низ медиумите изминатиов период. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Raiffeisen bank ja посакува Комерцијална банка!?

Објавено

на

На “радарот” за потенцијални аквизиции на Raiffeisen bank International (RBI), меѓу другите, се наоѓа и Комерцијална банка а.д. Београд, беше откриено на денешната прес-конференција на RBI во Виена. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Се спојуваат два банкарски гиганти, акциите пораснаа до небо!

Објавено

на

Акциите на Дојче банк и Комерцбанк драстично ја зголемија својата вредност, по веста дека раководството на Дојче банк договорило прелиминарни разговори за евентуалното спојување на овие две финансиски институции. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange