Connect with us

Анализи

БАНКАТА НА ГОДИНАТА ОСТВАРИ РЕЗУЛТАТ КОЈ ГО ОПРАВДУВА ОВОЈ ЕПИТЕТ – Комерцијална банка оствари фантастична добивка од 37,5 милиони евра во 2021 година!

Објавено

на

Во периодот од 01.01-31.12.2021 година Комерцијална банка АД Скопје од своето работење оствари добивка пред оданочување во износ од 2.504,6 милиони денари наспроти 2.067,1 милиони денари во 2020 година, што претставува пораст од 21,2%. Планираната добивка за анализираниот период е реализирана со 127,1%. Данокот на добивка во 2021 година изнесува 200,3 милиони денари, а нето-добивката за годината изнесува 2.304,3 милиони денари, или 20,5% повеќе во однос на минатата година.

Овој солиден резултат од работењето, Банката го оствари во услови на постепено закрепнување на економијата од последиците поврзани со здравствената и економската криза предизвикана од вирусот Kовид-19, што е резултат на отпочнувањето на процесот на вакцинација на населението и глобалното економско заздравување. Притоа, и во текот на 2021 година останаа присутни ризиците и неизвесноста поврзани како со интензитетот и траењето на пандемијата, така и со економското заздравување условено од застоите во глобалните синџири на набавки, високиот пораст на цените на енергенсите и инфлаторните притисоци.

Остварената добивка пред исправка на вредност, која претставува показател за оперативната способност на Банката да ги покрива расходите од работењето, е за 0,1% поголема во однос на минатата година како резултат на пораст на приходите од редовно работење, додека останатите приходи се намалени како резултат на помалку реализирани приходи од капитална добивка од продажба на преземен имот (444,1 милиони денари во 2021 година, наспроти реализирани значително поголеми приходи во износ од 1.334,4 милиони денари во 2020 година, од кои најголем дел е од продаден имот од должниците Технометал Вардар Скопје, Прототип ДООЕЛ Скопје и ФКН Неготино).

Нето-исправката на вредност на финансиските средства заклучно со 31.12.2021 година изнесува 934,6 милиони денари и во однос на истиот период минатата година кога изнесуваше 1.369,7 милиони денари бележи намалување од 31,8%. Намалувањето на нето-исправката на вредност на финансиските средства се должи на антиципација на влошувањето на дел од корпоративното портфолио поради состојбата со ковидкризата во 2020 година, додека во извештајниот период се забележуваат позитивни придвижувања во економијата и во портфолиото на Банката.

Вкупните приходи од работењето изнесуваат 5.473,1 милиони денари и бележат зголемување од 1,6% во однос на истиот период од минатата година како резултат на пораст на приходите од редовно работење.

Нето-приходите од камата претставуваат основна компонента во формирањето на вкупните приходи од работењето. На 31.12.2021 година изнесуваат 2.454,6 милиони денари и бележат зголемување од 1,5% кое е остварено во услови на намалени каматни стапки кај кредитите и депозитите, при умерено зголемен обем на кредитирање и значително зголемени депозити. Дополнително, соодветно влијание врз нето-приходите од камата има и намалениот обем и каматна стапка кај пласманите во благајнички записи во однос на минатата година. Планот за анализираниот период е остварен со 95,5%.

Нето приходите од провизии и надоместоци на 31.12.2021 година изнесуваат 994,8 милиони денари и во однос на истиот период од минатата година бележат зголемување од 11,5% како резултат на пониска споредбена основа во истиот период минатата година, кога заради прогласувањето на пандемијата и затворањето на земјата значително намалување забележаа активностите на Банката. Планот за анализираниот период е остварен со 117,7%.

Нето приходите од курсни разлики на 31.12.2021 година изнесуваат 197,4 милиони денари и бележат зголемување од 19,6%. Планот за анализираниот период е остварен со 119,6%.

Останатите приходи од работењето на Банката на 31.12.2021 година изнесуваат 1.723,9 милиони денари и бележат намалување во најголем дел како резултат на помал износ на реализирани приходи од капитална добивка од продажба на преземен имот. Во рамки на оваа позиција Банката во текот на 2021 година оствари значителен износ на наплатени отпишани побарувања (1.234,4 милиони денари), во чии рамки со најголемо учество е наплатеното отпишано побарување од Топлификација АД Скопје – во стечај, во износ од 579,8 милиони денари, такaшто Планот е остварен со 189,5%.

Оперативните расходи за периодот 01.01-31.12.2021 година изнесуваат 2.029,0 милиони денари и во однос на истиот период од минатата година се зголемени за 4,4%, главно како резултат на зголемена амортизација по основ на набавки на основни средства и опрема заради модернизација на деловната мрежа, зголемени трошоци по основ на набавка и сервисирање на компјутерска опрема, зголемени премии за осигурување на депoзитите, зголемени трошоци за обезбедување на имот и други трошоци. Планот е остварен со 120,3%.

Во периодот од 01.01-31.12.2021 година Банката прокнижи загуба поради оштетување на нефинансиските средства на нето основа во износ од 4,9 милиони денари и истата е евидентирана по основ на 20% оштетување на нето вредноста на преземениот имот согласно регулативата на НБРСМ.

Анализи

АНАЛИЗА: Триглав Осигурување Живот со двојно повисок удел на пазарот – високи 17% во првиот квартал од 2022 година

Објавено

на

Иако последните години се покажаа како исклучително тешки поради негативните влијанија и отежнато работење предизвикани од пандемијата како и политичката и економска криза во Европа, сепак пазарот на животно осигурување во земјава е во значителен пораст. Според прелиминарните податоци добиени од Националното биро за осигурување, бруто полисираната премија за животно осигурување за првиот квартал од 2022 година бележи пораст за 19,20% споредбено со истиот период во 2021 година, во вкупен износ од 494 милиони денари, што покажува дека животното осигурување полека но сигурно го зазема местото на еден од примарните избори за осигурување на граѓаните во земјата. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Кругман: Очекувам инспиративна дискусија на СЕФФ

Објавено

на

Нобеловецот, професор и истакнат американски економист Пол Кругман, кој в понеделник ќе има обраќање на конференцијата „Одржување на растот во време на неизвесност и потоа“ на Скопје економски финансиски форум, очекува инспиративна дискусија на актуелни економски теми. На учесниците на форумот и на економската јавност во нашата земја Кругман им се обрати преку видеопорака. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

„Finance Think”: Сивата економија во 2020 година намалена во однос на 2006 година

Објавено

на

Сивата економија во 2020 година е намалена во однос на 2006 година, а најголемите намалувања се случиле за време на финансиската криза во 2009 година и по воведувањето на минималната плата во 2012 година, покажува најновото истражување направено од Институтот за економски истражувања и политики „Finance Think”. (more…)

Продолжи со читање


Популарно