Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Странски банки

Банката за тинејџери Pixpay амбициозно влегува во Европа

Објавено

на

Францускиот стартап Pixpay има амбициозен план за освојување на тинејџерите од Европа и од 2021 година планира да таргетира околу 2 милиони корисници.

Pixpay е еден од ретките фин-тек стартапи кој драстично ја намали старосната граница за отворање на тековна сметка.

Сите деца и тинејџери над 10 години може да ја симнат апликацијата на Pixpay и да отворат своја сметка за безконтактни плаќања преку MasterCard. Апликацијата може да ја симнат и родителите на детето и заедно да управуваат со финансиите.

За одржување на тековната сметка тинејџерите ќе плаќаат по 2,99 евра месечно, а нивните трансакции ќе бидат заштитени со ПИН и ќе добиваат редовни известувања.

Pixpay во нова рунда на фианансирање успеа да собере нови 3,4 милиони евра кои ќе помогнат во експанзија на активностите на францускиот стартап кој беше отворен во јануари годинава.

Покрај банкарските услуги Pixpay има и едукативен дел за тинејџерите подобро да управуваат со своите финансии. Главно конкуренти им се Kard и Lydia но, овие фин-тек стартапи засега нудат банкарски услуги за лица над 14 години.

Странски банки

Германија дозволи продажба и чување на криптовалути во банките!

Објавено

на

Во Германија, на 1 јануари стапува во сила нов закон кој ќе им овозможи на банките во таа земја да продаваат и чуваат криптовалути како што е биткоин, што се смета за значајна одлука во областа на регулативата за криптовалути, која веројатно ќе има далекуопсежно меѓународно влијание. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Пуштени во оптек првите евро банкноти со потписот на Кристин Лагард

Објавено

на

Новата претседателка на Европската централна банка, Кристин Лагард, го додаде својот потпис на евро банкнотите, кои ги опишува како „најопипливиот симбол на европската интеграција“. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Словенечката централна банка најде ризик за перење пари во Unicredit

Објавено

на

Централната банка на Словенија утврдила слабости во процедурите на словенечката Unicredit банка поврзани со ризици за перење на пари. Unicredit не обезбедила соодветни услови за спроведување на функции кои ќе спречат перење на пари и на тој начин го ослабила ефективното управување на ризикот. Исто така, се намалиле капацитетите за овозможување на соодветна внатрешна контрола. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange