Странски банки
Банкар кој заработува 1 милион фунти годишно, суспендиран бидејќи крадел сендвичи!


Инвестициската банка „Citigroup“ третата по големина американска банка по средства, суспендираше банкар кој работел на висока позиција, поради тоа што наводно крадел храна од кантината за вработените, пренесува BBC.
Медиумите известуваат дека се работи за извесен Парас Шах, директор за тргување со обврзници со високи приноси за Европа, Блискиот исток и Африка и дека заработувал повеќе од 1 милион фунти годишно, вклучително и бонуси. Веднаш по скандалот со кражба на сендвичи, тој бил разрешен од својата функција и привремено суспендиран, а можно е да се соочи и со отказ од банката.
Банката го суспендирала г-дин Шах кој е на возраст од 31 година, по бројните обвинувања дека крадел сендвичи од кантината во седиштето на банката во „Канари Варф” во источен Лондон, пренесува „BBC“.
Не е јасно колку сендвичи се тврди дека украл банкарот или за кој временски период се случиле наводните кражби.
Од „BBC“ се обиделе да контактираат г-дин Шах на LinkedIn, но неговиот профил не бил достапен и се чини дека е избришан.
Сепак, ова не е првпат еден висок службеник на „Citigroup“ да биде казнет за наводно или докажано недолично однесување. Претходно, директорот Џонатан Пол Бароус беше фатен дека постојано избегнува да купи билет за воз на пат за Лондон.
Странски банки
„Bank of England” ја зголеми основната каматна стапка со што ја зголеми загриженоста за рецесија


Банката на Англија одлучи да ја зголеми референтната каматна стапка најмногу во последните 27 години, по што најави дека Велика Британија во последниот квартал од оваа година ќе влезе во рецесија, која ќе трае до крајот на следната година. (more…)
Странски банки
Дојче банк оствари добивка од 960,2 милиони евра со што ги надмина очекувањата на аналитичарите


„Deutsche bank” ги надмина очекувањата на пазарот и забележа добивка во осмиот последователен квартал, остварувајќи нето приход во вториот квартал од 1,046 милијарди евра (1,06 милијарди долари). (more…)
Странски банки
Централната банка на Русија ги продолжи ограничувањата за повлекување долари и евра од банкарските сметки


Централната банка на Русија ги продолжи ограничувањата за повлекување долари и евра од банкарски сметки до март следната година, пренесува „Радио Слободна Европа”. (more…)
- Останатопред 3 weeks
УЈП со важно соопштение за сите кои ја користат апликацијата „Мој ДДВ“
- Депозитипред 1 month
Стопанска банка АД – Скопје ги зголеми каматните стапки на денарските и девизните депозити
- Кредитипред 1 month
Ова лето можеш сè
- Кредитипред 2 weeks
Онлајн кредити до 180.000 ден. – за сите изненадувања во животот
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Интервјуапред 1 month
Интервју ПАЛЧЕВСКИ: Пантелеон ГС има сериозна намера да остави значаен белег на домашниот пазар преку креирање на нови вредности
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје