Connect with us

Домашни банки

Банкарство.мк со повик до банките – Дајте им привилегии на здравствените работници, македонските херои

Објавено

на

Банкарство.мк ги повикува комерцијалните банки да воведат дополнителни кредитни и банкарски бенефиции за сите здравствени работници во Македонија со цел да им се олесни финансиското функционирање во тешки услови на криза кога постои голема мобилизација на медицинскиот персонал.

Целта е банките да покажат дополнителен чекор на општествена одговорност со сет на бенефиции и мерки кои ќе бидат на располагање на македонските херои во овие моменти, дополнително од сетот на мерки и препораки кои ќе ги усогласи Народната банка.

Дел од можните мерки кои банките може да ги воведат се суспендирање на плаќањето на каматите на кредитите, укинување на сите трошоци поврзани со кредитните картички, полесни и побрзи услови за аплицирање за дозволено надминување на месечните лимити како минус од плата, како и подолг рок на одложено плаќање на подигнатите кредити од тие кои ќе ги препорача Владата.

Здравствените работници се соочени со огромен предизвик со глобалната пандемија на корона вирусот и се максимално посветени на сочувување на јавното здравје и справување со инфицираните пациенти. Со успешна работа на здравствените работници многу полесно и побрзо ќе се преброди кризата која зема замав и има силен импакт врз сите сектори.

Домашни банки

ИутеКредит со навремена уплата на данок на добивка од 7,7 милиони денари

Објавено

на

Финансиското друштво Иуте Кредит Македонија со своето две и пол годишно постоење и делување на македонскиот пазар настојува да придонесе во економијата и ликвидноста на државата. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

ТТК Банка АД Скопје однапред плати аконтации за данок на добивка за 2020 година во износ од 10,5 милиони денари

Објавено

на

Во услови на справување со актуелната сериозна опасност од ширењето на Ковид-19 (корона вирусот) во нашата земја, поддржувајќи ги препораките и мерките на Владата, ТТК банка АД Скопје денес изврши предвремено плаќање на вкупните месечни аконтативни обврски за данок на добивка за 2020 година во износ од 10.460.780 денари. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Јавна понуда од НЛБ Банка за промена на договорните услови за кредитни производи за клиенти – физички лица

Објавено

на

Со цел полесно надминување и ублажување на негативните ефекти предизвикани од пандемијата на COVID-19, НЛБ Банка објави ПОНУДА за поддршка на сите свои клиенти, физички лица преку посебни услови за олеснување на отплатата на сите кредитни изложености. (more…)

Продолжи со читање

Популарно