Connect with us

Компании

Банкарство.мк вработува “Специјалист за интервјуа”

Објавено

на

Нашиот тим има потреба од нов член со работна позиција “Специјалист за интервјуа” кој ќе се придружи на остатокот од тимот на Банкарство.мк и ќе помогне во редовна и квалитетна припрема и реализација на интервјуа со домашни и странски соговорници од финансиската област, со акцент на банките.

Каде сакаме да ни помогнете:

– Изработка на стратегија на месечно ниво за реализација на интервјуа;

– Комуникација со ПР одделите на институциите или директно со соговорниците со цел закажување и реализирање на интервјуто;

– Организирање фотографирање на соговорникот (доколку е потребно);

– Комуникација со графички дизајнер со цел креирање на ефективни визуелни материјали доколку е потребно;

– Воспоставување и одржување на партнерски односи со банките и останатите финансиски институции;

– Експедитивна реакција за реализирање на интервју кога се во прашање актуелни теми надвор од усвоениот месечен план за реализирање на интервјуа.

Услови:

– Кандидатот да има познавање на финансиската област;

– Постојано следење на актуелни теми поврзани со банкарство, осигурување, берза, инвестициски фондови и останати финансиски области;

– Работно искуство во онлајн медиум носи минимална предност;

– Одлични комуникациски вештини, писмено, усно и онлајн;

– MS Office (Word, Excel, Power Point);

– Познавање на англиски јазик;

– Активно користење на социјалните мрежи.

Профил на кандидатот:

Бараме креативен и посветен кандидат кој ќе сака да ја работи оваа работа како да станува збор за сопствен бизнис, а не како ангажман за кој треба да добие одреден месечен надомест. Доколку кандидатот освен за реализација на интервјуа е заинтересиран да придонесе и со останати активности заедно со тимот на Банкарство.мк со задоволство ќе излеземе во пресрет на таквата желба.

Што нудиме:

– Можност за работа во динамична средина;

– Флексибилен финансиски надомест, составен од фиксна месечна нето плата плус варијабилен дел согласно остварувања;

– Исплата на сите дополнителни трошоци кои произлегуваат од процесот на спроведување на интервјуто;

– Професионален развој, учество на обуки, семинари и работилници.

Информации во врска со ангажманот:

– Лицето се очекува да почне со работа од Февруари, 2021 година;

– Нема фиксно работно време на оваа позиција, но се очекува кандидатот во целост да ги исполни активностите кои се бараат од оваа работна позиција.

Начин на пријавување:

Сите заинтересирани кандидати за работната позиција неопходно е заедно со CV-то да испратат предлог концепт на е-маил со прецизно конципирани прашања преку кои се обраќаат до Народната банка со цел реализирање на интервју со Гувернерот на НБ. Предлог концептот на е-маил и прашалник за интервју потребно е да се испрати на следната е-маил адреса: contact@bankarstvo.mk

Напомена: Доставеното CV ќе послужи единствено за да се запознаеме со кандидатот и неговото претходно искуство, додека многу поголем удел во изборот на соодветен кандидат ќе има доставениот е-маил заедно со прашалник за предложеното интервју.

Работните обврски ќе се извршуваат претежно од дома, а предуслов е само поседување на компјутер и интернет конекција.

Краен рок за пријавување: 20.01.2021 година

Компании

Оглас за вработување во Штедилница Можности

Објавено

на

Градете ја својата кариера и развивајте се како професионалец во областа на кредитирање и финансии со Штедилница Можности. Ако се идентификувате со визијата и мисијата на Штедилница Можности и ве интересира кредитирање и финансии, компанијата вработува: (more…)

Продолжи со читање

Компании

Оглас за вработување во Кроација осигурување АД Друштво за осигурување на живот Скопје

Објавено

на

Врз основа на член 22 став 2. и член 23. став 2. од Законот за работни односи, Кроациа Осигурување АД – Друштво за осигурување на Живот со седиште на Ул. Костурски Херои, бр.38, 1000 Скопје, на ден 18.01.2021 година распишува:

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
КООРДИНАТОР ЗА УПРАВУВАЊЕ И РАЗВОЈ НА ЗАСТАПНИЧКА МРЕЖА
(more…)

Продолжи со читање

Компании

Стратешкиот чешки инвеститор Групацијата АРИКОМА, најавува продолжување на инвестициите во ИТ експерти во Северна Македонија

Објавено

на

На денешната прес-конференција присуствуваа претседателот на Владата на Република Северна Македонија, г. Зоран Заев, амбасадорот на Република Чешка во Република Северна Македонија, НЕ Мирослав Томан, и новата странска инвестиција во земјата – акцизицијата на компанијата „Сеавус“ од страна на чешката Групација АРИКОМА, дел од ККЦГ Групацијата, која беше претставена од страна на Михал Томанек, директор за инвестиции одговорен за ИТ на Групацијата АРИКОМА, како и Игор Лештар, претседател на одбор на Групацијата „Сеавус“. (more…)

Продолжи со читање

Популарно