Домашни банки
Банкарското фудбалско дерби во Бизнис лигата припадна на Шпаркасе банка


Шпаркасе Банка во банкарското дерби во фудбалската бизнис лига ја совлада УНИБанка.
Израмнето прво полувреме ни прикажаа екипите на Уни Банка и Шпаркасе Банка, двете екипи во ова полувреме влегоа со игра во која фокусот беше ставен на одбраната а шансата ја бараа преку брзи контра напади. Екипата на Уни Банка го отвори резултатот во раната фаза од полувремето со погодокот на Абдули, но брзо следуваше одговор од Шпаркасе Банка за израмнување на 1-1 по одличниот погодок на Јосифовски. Екипата на Уни Банка искористи пенал и успеа да дојде повторно до предност во 15та минута од полувремето, но сепак екипата на Шпаркасе Банка успеа до паузата повторно да дојде до израмнување и на полувремето се замина со резултат од 2-2.
Во второто полувреме тренерот на Шпаркасе Банка успеа да постави добра тактичка игра и неговите техничко тактички замисли играчите ги спроведоа на терен. Екипата на Уни Банка во самиот финиш немаше против игра на ваквата поставеност на Шпаркасе Банка па на крајот банкарското дерби и припадна на екипата на Шпаркасе Банка со резултат од 3-5.
Уни Банка 3-5(2-2) Шпаркасе Банка
Уни Банка: Марко Ташков 28’ Бесар Абдули 1’ 15’
Шпаркасе Банка: Стојанчо Јосифовски 5’ 24’ 30’ Марјан Спасовски 37’ Христијан Тодоровски 19’
Домашни банки
НЛБ Банка воведува Зелени кредити за проекти кои штедат енергија и ја заштитуваат животната средина


НЛБ Банка Скопје во соработка со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) воведува наменски кредити за енергетска ефикасност, односно Зелена кредитна линија составена од два продукта во вкупна вредност од два (2) милиони евра од Програмата за финансирање на зелена економија (GEFF), и тоа: Зелен потрошувачки кредит на износ до 25.000 евра и Зелен хипотекарен кредит на износ до 50.000 евра. (more…)
Домашни банки
Брзо и сигурно плаќање со HalkPay, Вашиот мобилен паричник


Халкбанк АД Скопје со задоволство ги информира своите почитувани клиенти дека отсега HalkPay е достапен и со Visa картичките на Халкбанк. (more…)
Домашни банки
Стопанска банка АД – Скопје: Известување за неработен ден – 24.05.2022 (вторник)


Стопанска банка АД – Скопје ги известува своите почитувани клиенти дека по повод престојниот државен празник „Св. Кирил и Методиј“, филијалите на Стопанска банка АД – Скопје нема да работат на 24.05.2022 (вторник). (more…)
- Кредитипред 2 months
Брз онлајн кредит – за пролетно чистење сметки
- Анализипред 2 months
Кои се петте најпрофитабилни македонски компании во 2021 година!?
- Кредитипред 3 weeks
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Домашни банкипред 2 months
Промени во Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 4 weeks
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје