Connect with us

Домашни банки

Банкарските сметки нема да бидат тајна ниту за Царината

Објавено

на

Банкарските сметки на граѓаните нема да бидат банкарска тајна ниту за Царината. Со предложените измени на Законот за банките ќе се дозволи, покрај УЈП, и Царината да добива податоци за трансакциските сметки на граѓаните, но само со доставено писмено барање до банките.

Од Царината велат дека тие до сега ги блокирале сметките на граѓаните кои не плаќале царина преку УЈП, бидејќи немале законски основ да прават присилна наплата на долгот директно во банка.

„Царинската управа не бара увид во трансакциските сметки на физичките лица туку царинската управа бара да постапува согласно својата надлежност, која ја има според царинскиот закон, да изврши присилна наплата према физички лица кои имаат одреден долг према царинската управа. Ние досега процесуиравме барање до банките  во кои беше наведено само името и презимето на одреденото физичко лице кои има царински долг и назад ни беше вратено дека нема законски основ по кој што може  да се изврши блокирање на сметката“, вели Ѓоко Танасоски – директор на Царинската управа

Според податоците на Управата бројот на граѓани кои не платиле царина не е голем. Во моментов има стотина должници со вкупен долг од 2 милиони денари.

Дирекцијата за заштита на личните податоци не и го оспорува правото на Царината да може да ги блокира граѓаните, но смета дека за таа цел не смее да се тргне во целост банкарската тајна.

„Предложеното законско решение треба да се избрише во целост, бидејќи не е во согласност со начелата на пропорционалност и неопходност. Тоа може да се реализира, но со соодветни измени на Законот за царинска управа, а  податоците да се обезбедат од единствениот регистар на трансакциски сметки кој се води од страна на Клириншката куќа КИБС“, велат од Дирекција за заштита на лични податоци

Царината соопшти дека со измените на Законот за царина кои се на сила од 11 овој месец, за 75 проценти во просек се намалени глобите за царинските прекршоци за кои е предвиден мандатен платен налог, односно за оние што можат да се платат на лице место.

Домашни банки

НЛБ Потрошувачки кредити – Баш како што сакаш!

Објавено

на

НЛБ Банка во периодот од 11.03.2019 до 31.05.2019 година води промотивна кампања за сите кредити за физички лица. Во рамки на промотивната понуда, Банката меѓу другото, нуди нови потрошувачки кредити со пониски каматни стапки. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Стопанска банка АД-Скопје врши промена за водење сметки на пензионери

Објавено

на

Стопанска банка АД-Скопје ги известува своите клиенти дека, почнувајќи од 01.04.2019 ќе изврши промена на надоместокот за месечно водење на трансакциски и штедни сметки на пензионери. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

НЛБ Станбени кредити – Твој дом, твој избор!

Објавено

на

НЛБ Банка во периодот од 11.03.2019 до 31.05.2019 година води промотивна кампања за сите кредити за физички лица. Во рамки на промотивната понуда, Банката меѓу другото, нуди нови станбени кредити со пониски каматни стапки. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange