Connect with us

Форекс

Банкарските акции со најголем пораст, „катанецот” на Тетекс ја покоси вредноста на акциите на ТТК Банка

Објавено

на

На последниот ден за тргување на македонската берза најтргувани беа банкарските акции на НЛБ Банка АД Скопје, кои забележаа раст од 2,70 проценти, пред акциите на Стопанска банка АД Скопје кои забележаа раст од 2,69%.

Пораст на својата вредност забележаа и акциите на Комерцијална банка АД Скопје од 2,45%, а минимално се зголемија и акциите на Македонски Телеком АД – Скопје за 0,93%. Дел од преостанатите акции кои котираат на Македонска берза исто така забележаа минимален пораст на својата вредност, како акциите на Алкалоид АД Скопје, но имаше и компании кои забележаа значителен пад на вредноста на акциите.

Најпогодена од падот на вредноста на акциите беше текстилната компанија Тетекс АД Тетово, чија вредност на акциите забележа енормен пад од 9,92% поради престанокот со работа. Катанецот на најпознатата волнарска конфекција во државава во голема мера влијаеше и врз вредноста на акциите на ТТК Банка АД Скопје чијашто вредност се намали за 2,68%.

Пад на вредноста на акциите забележа и Охридска банка АД Скопје од 1,11%.

Според официјалниот среден курс на Народната банка на Македонија, денеска денарот спрема еврото има вредност од 61.6406 денари.

Курсот на денарот спрема доларот е на ниво од 56.5458 денари, британската фунта изнесува 73.0945 денари, додека пак швајцарскиот франк е 57.7863 денари.

Форекс

Акциите на берза повторно во пораст, еврото со вредност од 61.4977 денари

Објавено

на

По вчерашниот пад на акциите, пазарот на капитал во Северна Македонија повторно доживува раст на вредноста што најмногу се гледа со движењето на индексот МБИ10 на Македонска берза кој ги содржи десетте најликвидни хартии од вредност на котираните акционерски друштва. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Банката на Англија ја лансираше најбезбедната банкнота досега

Објавено

на

Нова банкнота во апоени од 20 фунти со ликот на уметникот Вилијам Тарнер ќе се појави од утре во банкоматите и платниот промет во Велика Британија. Оваа банкнота е прогласена за „најбезбедна банкнота досега“. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Пад на акциите на Македонска берза, еврото со вредност од 61.5157 денари

Објавено

на

Пазарот на капитал во Северна Македонија доживува големи флуктуации, па така акциите кои котираат на Македонска берза еден ден ја зголемуваат својата вредност, а веќе наредниот истата се намалува за одреден процент. По неколкудневниот раст, акциите бележат пад на вредноста, а тоа најмногу се гледа со движењето на индексот МБИ10 на Македонска берза кој ги содржи десетте најликвидни хартии од вредност на котираните акционерски друштва. (more…)

Продолжи со читање

Популарно