Connect with us

Форекс

Банкарските акции во слободен пад по Одлуката на Народна банка за привремено ограничување на распределбата и исплатата на дивиденда

Објавено

на

На последниот ден за тргување на македонската берза, банкарските акции забележаа висок пад на вредноста по Одлуката на Народната банка за привремено ограничување на распределбата и исплатата на дивиденда на акционерите на банките.

Намалувањето на вредноста на акциите на банките беше очекувано. Централната банка одлуката ја правда со претпазливност заради сеуште актуелната пандемија, со најава дека станува збор за времена мерка која може да престане да важи порано од предвиденото.

Највисок пад забележаа акциите на Стопанска банка а.д. Битола чиишто акции забележаа пад од 4,57 проценти, пред акциите на ТТК Банка АД Скопје кои забележаа пад од 3,36%.

Пад на вредноста забележаа и акциите на Комерцијална банка АД Скопје кои ја намалија вредноста за 2,28 проценти, како и акциите на НЛБ Банка АД Скопје кои забележаа пад од 1,80%.

Од Македонската банкарска асиоцијација изјавија дека нивниот став во врска со исплатата на дивиденда ќе биде познат до крајот на неделава.

Додека едни ја поздравуваат Одлуката на Народната банка како превентивна во време на пандемија, други остро ја критикуваат додавајќи дека Централната банка треба да врши супервизија на банкарскиот систем, а не да одлучува за работата на приватните банкарски субјекти.

Од банките, досега единствено Комерцијална банка објави дека планира да подели дивиденда на своите акционери, додека останатите банки сеуште мудро молчат.

Останува во претстојниот период да видиме дали комерцијалните банки ќе ја поддржат Одлуката на Народната банка и ќе ја одложат исплатата на дивиденда кон своите акционери или ќе одлучат да одат против Централната банка и на своја волја ќе им ја доделат заслужената награда на акционерите.

Форекс

Топ 5 акции со најголем пораст на вредноста во месец март

Објавено

на

Македонската берза го објави месечниот статистички билтен за месец март 2021 година.

(more…)

Продолжи со читање

Форекс

Кои акции на Македонска берза беа најинтересни за инвеститорите во март?

Објавено

на

Според податоците кои ги објави Македонската берза за периодот 01.03.-31.03.2021 година вкупниот промет изнесува 757.514.703 денари и е значително намален за високи 45,52% во однос на претходниот месец февруари. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Македонска берза повторно го продолжи бесплатното користење на eTrader за инвеститорите

Објавено

на

Одборот на директори на Македонска берза, на седницата одржана на 26.03.2021 година, одлучи продуктот на Берзата за т.н. електронско тргување преку Интернет (eTrader), што им е достапен на инвеститорите преку нивните брокери и којшто овозможува далечинско тргување на Берзата, да продолжи да се користи БЕСПЛАТНО заклучно со 30.06.2021 година. (more…)

Продолжи со читање




Популарно