Connect with us

Анализи

Банкарскиот сектор е убедливо најпрофитабилен во Македонија!

Објавено

на

Македонскиот приватен сектор бележи послаби финансиски резулатати од тековната година со помала добивка споредено со истиот период минатата година. Според податоците на котираните друштва на Македонска берза во топ 5 компании со најголеми добивки заклучно со 30 септември 2020 година три се банки, од кои сите три се наоѓаат на првите три места по заработката.

Од ова можеме да дојдеме до заклучок дека и во услови на пандемија и криза, банкарскиот сектор е убедливо најпрофитабилен!

Но, она што може да се забележи е дека кризата негативно се одрази дури и кај најпрофитабилните компании кои бележат сериозно намалување на добивката во споредба со истиот анализиран период од претходната година.

Македонските компании кои котираат на Македонска берза досега направиле профит од 158,4 милиони евра, што е за 16,5 милиони евра помалку споредено со претходната состојба во истиот период за 2019 година. Намалувањето на профитабилноста на компаниите се должи на податокот дека оваа година дури 28 компании работат со загуба заклучно со третиот квартал на 2020 година, за разлика од истиот период на минатата година кога само 21 компанија работела со загуба. Пропорционално на тоа, намален е бројот на компании кои оствариле добивка заклучно со третиот квартал на 2020 година, односно вкупно 69 компании оствариле позитивен финансиски резултат.

Овој резултат е постигнат и покрај светската пандемија на вирусот Ковид-19 којашто во Македонија започна да се шири кон средината на месец март и предизвика и сеуште предивикува сериозна штета врз економијата.

Апсолутен лидер според остварениот финансиски резултат е Стопанска банка АД – Скопје. Оваа банка заклучно со третиот квартал од тековна година и покрај пандемијата на коронавирусот оствари нето добивка од 1.422.078 илјади денари или 23,1 милиони евра, што претставува намалување за 17,81% споредено со нето добивката остварена во анализираниот период минатата година. Намалувањето на добивката пред се се должи на глобалната пандемија и последиците како на глобално ниво така и во домашната економија.

На второто место се наоѓа уште една банка која може да се пофали со одличен финансиски резултат и солидна добивка за работењето за девет месеци од 2020 година. Станува збор за Комерцијална банка АД Скопје која оствари позитивен финансиски резултат, односно забележа нето добивка од 1.310.650 илјади денари или околу 21,3 милиони евра, што претставува минимално зголемување за 0,77% споредено со нето добивката остварена во анализираниот период минатата година. Зголемувањето на добивката е резултат на зголемување на приходите од капитална добивка по основ на продажба на преземен имот, како и поголем износ на наплатени претходно отпишани побарувања.

На третото место според остварената добивка се наоѓа и третата банка која е дел од водечките три банки во државата, а тоа е НЛБ Банка АД Скопје. НЛБ Банка АД Скопје оствари позитивен финансиски резултат, односно забележа добивка од 1.265.413 илјади денари или околу 20,5 милиони евра, што претставува намалување за 13,07% споредено со нето добивката остварена во анализираниот период минатата година.

На четвртата позиција според остварениот финансиски резултат се најде Македонски Телеком АД Скопје со нето добивка од 1.145.006 илјади денари или околу 18,6 милиони евра. Иако, финансискиот резултат на Македонски Телеком заклучно со третиот квартал од годинава е позитивен, операторот бележи намалување на добивката од високи 20,07% во однос на остварената добивка за истиот период од претходната година.

Најдобрите пет компании по остварени најдобри финансиски резултати ги заокружува Цементарница УСЈЕ АД Скопје со нето добивка во износ од 1.136.369 илјади денари, односно 18,5 милиони евра. Цементарница УСЈЕ АД Скопје бележи значителен раст на добивката од огромни 20,91%, споредено со истиот период од претходната година. Зголемувањето на добивката е резултат на зголемување на приходите од продажба на странски пазар, при остварен пораст на редовните приходи од работењето.

Според оваа анализа најуспешните пет компании кои котираат на Македонска берза заклучно со 30 септември 2020 година, веќе имаат добивки од нешто повеќе од 102 милиони евра, што е сума за почит со оглед дека овие добивки од работењето се остварени во услови на пандемија на вирусот Ковид-19, како и во услови на значително намалување на економската активност. Од водечките пет компании, најголем раст на добивката гледано процентуално бележи Цементарница УСЈЕ АД Скопје, а најголем пад на добивката има Македонски Телеком АД Скопје. Веќе подолг период, апсолутен лидер во целокупното рангирање е Стопанска банка АД – Скопје.

Анализи

АНАЛИЗА: Корупцијата главна причина за иселување на младите – 40% изјавиле дека ги мотивира да ја напуштат земјата

Објавено

на

4 од 10 млади изјавиле дека ќе ја напуштат државата поради степенот на корупција, додека секоја трета млада личност изјавила дека токму корупцијата е главна мотивација да се приклучи и да придонесе во борбата против коруптивните дејства. Само 4% изјавиле дека ваквата состојба ги тера да станат дел од синџирот на корупцијата. Ова го покажа анализата направена од страна на Младинскиот сојуз во која учествуваа над 440 млади луѓе од целата земја. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Македонците најмногу купувале онлајн од Обединетото Кралство, Ирска и Унгарија

Објавено

на

Согласно објавените податоци од Народната Банка на Република Северна Македонија, Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – АЕТМ го анализираше бројот и вредноста на реализирани онлајн трансакции со домашни платежни картички кон странски е-продажни места со цел да се креира слика каде најчесто Македонците купувале онлајн во текот на 2021 година. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

АНАЛИЗА: Триглав Осигурување Живот со двојно повисок удел на пазарот – високи 17% во првиот квартал од 2022 година

Објавено

на

Иако последните години се покажаа како исклучително тешки поради негативните влијанија и отежнато работење предизвикани од пандемијата како и политичката и економска криза во Европа, сепак пазарот на животно осигурување во земјава е во значителен пораст. Според прелиминарните податоци добиени од Националното биро за осигурување, бруто полисираната премија за животно осигурување за првиот квартал од 2022 година бележи пораст за 19,20% споредбено со истиот период во 2021 година, во вкупен износ од 494 милиони денари, што покажува дека животното осигурување полека но сигурно го зазема местото на еден од примарните избори за осигурување на граѓаните во земјата. (more…)

Продолжи со читање


Популарно