Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Анализи

Банкарскиот сектор е НАЈПРОФИТАБИЛЕН! – Еве колку заработија банките во 2018 година

Објавено

на

Податоците од направената анализа на Банкарство.мк покажуваат дека во 2018 година македонските банки оствариле добивка од 138,5 милиони евра, што е за речиси 77% повисока во споредба со добивката остварена во истиот период од претходната 2017 година.

Македонскиот банкарски сектор прокнижи 31,9 милиони евра повеќе во споредба со остварената добивка во 2017 година, што повторно претставува рекордна година по заработката.

Во 2018 година, банките заработија речиси 430 милиони евра само на камати и надоместоци од граѓаните и компаниите.

Највисока добивка оствари Стопанска банка АД Скопје, која минатата година ја заврши со 44,5 милиони евра профит, или 11 милиони повеќе отколку во 2017 година.

Зад водечката по профитабилност Стопанска банка АД Скопје, одличен финансиски резултат остварија и НЛБ Банка АД Скопје и Комерцијална банка АД Скопје, коишто ја заокружуваат водечката тројка во банкарскиот сектор во нашата земја.

НЛБ Банка АД Скопје изминатата 2018 година ја заврши со добивка од 34,5 милиони евра или за 26,5% повеќе од планираното.

Комерцијална банка АД Скопје претходната година оствари добивка од 28,9 милиони евра што е двојно повеќе од резултатот остварен во 2017 година.

Но, банките не го делат профитот подеднакво. Најголемиот дел од профитот или 108 милиони евра оствариле водечките три банки.

Од овие податоци можеме да заклучиме дека водечката банкарска тројка поделила 77% од вкупниот профит од 138,5 милиони евра колку што заработиле сите македонски банки во 2018 година.

Главен носител на подобрената профитабилност се пониските трошоци за исправка на вредноста што ги одразува активностите на банките за наплата на нефункционалните кредити, пред сè во првиот и вториот квартал од 2018 година.

Покрај тоа, банкарскиот систем на Република Северна Македонија повеќе години наназад бележи подобрување на оперативната ефикасност, која се отсликува преку показателот за соодносот меѓу оперативните трошоци и вкупните приходи од редовно работење.

Исто така, позитивно влијание врз високата профитабилност имаа и остварената капитална добивка од продажба на капитален влог во друга финансиска институција (продажбата на Нов пензиски фонд од страна на НЛБ Банка), како и позасилената продажба на имот којшто претходно бил преземен заради ненаплатени побарувања (продажбата на побарувањата од „Фени индустри“ од Комерцијална банка АД Скопје и Стопанска банка АД Скопје).

Анализи

Вештачката интелигенција ќе остави 10 милиони банкари без работа до 2030 година

Објавено

на

Студијата на IHS Markit предвидува дека Вештачката интелигенција (AI – Artificial Intelligence) ќе им заштеди 300 милијарди долари на банките до 2030 година, истовремено оставајќи околу десет милиони банкари без работа. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

„FinanceThink“: Плата во плико најмногу земаат вработените осигурени на минимална плата

Објавено

на

Анализа направена од „FinanceThink“ покажува дека 17,8 проценти од работниците во државата, кои имаат формален договор за вработување, добиле плата во плико односно плата на рака. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

60% од клиентите се подготвени да ги споделат своите лични податоци со банките и осигурителните компании

Објавено

на

Повеќе од половина од испитаниците се подготвени да ги споделат своите лични податоци со осигурителните компании и банките за да имаат корист, како што се изработка на персонални понуди и попусти, покажува истражувањето на Accenture, кое опфати вкупно 47.000 учесници на 28 пазари. (more…)

Продолжи со читање
project

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange