Connect with us

Анализи

БАНКАРСКИОТ СЕКТОР Е НАЈПРОФИТАБИЛЕН! – Колку заработија водечките три банки заклучно со третиот квартал на 2021 година?

Објавено

на

Податоците од направената анализа на Банкарство.мк покажуваат дека заклучно со третиот квартал на 2021 година водечките три македонски банки (Стопанска банка АД – Скопје, НЛБ Банка и Комерцијална банка) оствариле добивка од 79 милиони евра, што претставува зголемување за високи 21,63% во споредба со добивката остварена во истиот период од претходната 2020 година.

Највисока добивка оствари Стопанска банка АД – Скопје, која за девет месеци од тековната година прокнижи нето добивка од 1.813.259 илјади денари или 29,5 милиони евра, што претставува зголемување за 28% споредено со нето добивката остварена во анализираниот период минатата година.

Зад најпрофитабилната Стопанска банка АД – Скопје, одличен финансиски резултат оствари и НЛБ Банка АД Скопје којашто заклучно со 30.09.2021 година забележа нето добивка во износ од 1.689.026 илјади денари или 27,5 милиони евра, што претставува зголемување за 33,5% во однос на остварената нето добивка истиот период претходната година.

Комерцијална банка АД Скопје која ја заокружува водечката тројка во банкарскиот сектор во нашата земја оствари нето добивка во износ од 1.355,1 милиони денари или 22,03 милиони евра. За разлика од конкурентите кои имаат висок пораст на добивката, Комерцијална банка АД Скопје заклучно со третиот квартал забележа зголемување на добивката за само 3,4% во споредба со истиот период од претходната година.

Пандемијата на коронавирусот сеуште владее во земјата и сеуште предизвикува сериозни импликации врз здравјето на луѓето со соодветен голем импакт и во економската сфера. Сепак, иако економијата сеуште не може да функционира во полн ек, за разлика од претходната година забележителни се значителни подобрувања.

Изминатиов месец во државата се одржуваа редовни локални избори, а тоа е предуслов за соодветен економски застој. Доколку на тоа се додаде дека се соочуваме со политичка криза и можно одржување на нови предвремени парламентарни избори, како и со се поизвесната електрична криза, доаѓаме до фактот дека ни претстои сериозен пад на економијата.

Кризата може дополнително да се продлабочи и со најавената зголемена инфлација и сериозното покачување на цените на сите производи и услуги.

Сепак, од овие податоци можеме да заклучиме дека банкарскиот сектор во нашата држава е најпрофитабилен и дека банките и во услови на криза бележат одлични резултати.

Анализи

Најдобри совети како да го реновирате вашиот дом во рамките на буџетот

Објавено

на

Домот треба да биде наше засолниште, но и среќно место каде ќе се релаксираме на крајот од напорниот ден и ќе креираме семејни спомени со нашите најмили. Токму затоа, секој од нас сака да создаде што поудобна и попријатна атмосфера во него. Една од причините поради која може да се одлучите да го реновирате домот е желбата да го направите подобро место за живеење или едноставно сакате промена и свежина во домот. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Каде и колку купуваат онлајн Македонците со платежните картички во странство?

Објавено

на

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – АЕТМ направи анализа на објавените податоци од Народната Банка на Република Северна Македонија, од каде што може да се увиди дека Македонците за купување производи и услуги со платежни картички кон странски е-трговци во 2022 година потрошиле 156.2 милиони евра што што претставува пораст од 46,31% во однос на минатата година и учество од 28% од вредноста на вкупните онлајн трансакции. Ослободувањето на мерките поврзани со пандемијата секако се одрази на е-трансакциите кон странските земји, посебно поврзани со патувања и трансакции за авио-билети и резервации на хотели онлајн. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Навика која ги издвојува успешните луѓе од останатите

Објавено

на

Патот до успехот често е поплочен со голем напор. Милионерите и олимпијците подеднакво ја нагласуваат важноста да се надмине конкуренцијата и да се поместат своите граници. (more…)

Продолжи со читање

Популарно