Connect with us

Анализи

Банкарскиот сектор е НАЈПРОФИТАБИЛЕН! – Еве колку заработија водечките три банки во првиот квартал на 2020 година

Објавено

на

Податоците од направената анализа на Банкарство.мк покажуваат дека во првиот квартал на 2020 година водечките три македонски банки (Стопанска банка АД – Скопје, Комерцијална банка и НЛБ Банка) оствариле добивка од 19,22 милиони евра, што е за речиси 47% пониска во споредба со добивката остварена во истиот период од претходната 2019 година.

Највисока добивка оствари Стопанска банка АД – Скопје, која во првите три месеци од годината прокнижи нето добивка од 546.088 илјади денари или 8,8 милиони евра, што претставува зголемување за 1,1% споредено со нето добивката остварена во анализираниот период минатата година.

Зад најпрофитабилната банка Стопанска банка АД – Скопје, одличен финансиски резултат оствари и НЛБ Банка АД Скопје којашто во првиот квартал од 2020 година забележа нето добивка во износ од 418.532 илјади денари или 6,8 милиони евра, што претставува зголемување за 1,9% во однос на остварената нето добивка истиот период претходната година.

Комерцијална банка АД Скопје која ја заокружува водечката тројка во банкарскиот сектор во нашата земја оствари нето добивка во износ од 217.549 илјади денари или 3,5 милиони евра. Иако, финансискиот резултат на Комерцијална банка АД Скопје во првите три месеци од годинава е позитивен, забележано е значително намалување на добивката од огромни 50% во однос на остварената добивка за истиот период од претходната година.

Кон крајот на овој квартал се случи пандемијата на вирусот Ковид-19, која започна да се шири на глобално ниво предизвикувајќи сериозни импликации врз здравјето на луѓето со соодветен голем импакт и во економската сфера. Тоа претставува значаен индикатор дека вториот квартал од годинава ќе биде исклучително тежок за македонската економија, а тоа во голема мера ќе се почувствува и врз резултатите на банките.

Дополнително, врз резултатот на банките ќе влијае и мораториумот на кредитните обврски којшто македонските банки им го овозможија на своите клиенти, со цел полесно надминување на тешката корона криза.

Сепак, од овие податоци можеме да заклучиме дека банкарскиот сектор во нашата држава е најпрофитабилен и дека банките и во услови на криза бележат одлични резултати.

Анализи

Во која банка е најисплатливо да имате трансакциска сметка!?

Објавено

на

Во текот на денешниот ден ги анализираме провизиите и надоместоците што ги наплатуваат домашните банки за месечно одржување на трансакциска сметка за физички лица. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Значително намалена побарувачката за кредити кај граѓаните, но и кај фирмите во вториот квартал

Објавено

на

Во второто тримесечје на 2020 година, во екот на пандемијата со коронавирусот во земјава, банките укажуваат на значително нето-намалување на побарувачката на вкупните кредити на секторот „домаќинства“, наспроти малото нето-зголемување во претходната анкета, покажува најновата анкета на Народната банка за кредитната активност за вториот квартал односно за периодот од април-јуни 2020 година. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Финансиските друштва се извор на приливи за граѓаните кога им се неопходни итни финансиски средства

Објавено

на

Кај голем дел од популацијата мислењето за финансиските друштва е негативно. Независно дали е тоа од сопствено искуство или е наметнато мислење коешто е општоприфатено кај повеќето граѓани. (more…)

Продолжи со читање

Популарно