Connect with us

Странски банки

Банкарска криза во Русија е невозможно сценарио

Објавено

на

Банкарска криза во Русија е невозможно сценарио, бидејќи руските банките во моментов се многу добро подготвени за тековната кризна состојба.

„Централната банка дополнително им помага на банките со регулативни олеснувања”, изјави гувернерката на Централната банка на Русија, Елвира Набиулина, на неделната прес-конференција за новинарите.

Таа истакна дека сегашната состојба влијае на банките: квалитетот на активата (средствата) се намалува, многу граѓани и компании ги реструктуираат своите кредитни задолжувања, банките губат профити, а приходот од провизии драстично се намалува.

Сепак, според неа, сегашната состојба е фундаментално различна од она што се случуваше во 2008 или 2014 година.

„Банките во моментов имаат реални ефективни резерви на капитал и ликвидност. Тие многу подобро подготвени ја дочекаа ваквата состојба во однос на претходните кризи. Во исто време, ние како Централна банка, исто така, обезбедуваме регулаторни олеснувања, така што, без оглед на нивните резерви и обемот на капитал, банките можат навреме да се справат со овие загуби“, објасни Набиулина.

Гувернерката, исто така, потсети дека Централната банка на Русија редовно спроведува стрес тестови, кои покажуваат дека и покрај значителното намалување на профитот, банките сè уште имаат капитал, како да вршат реструктуирање, така и да продолжат со кредитирање на економијата и стопанството.

Странски банки

JP Morgan Chase е доминантна банка на пазарот на благородни метали

Објавено

на

Во текот на 2020 година, „JP Morgan Chase” имаше рекордни приходи од трговијата со скапоцени метали, околу една милијарда долари и далеку ги надмина своите ривали. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

#EdgarsChristmas (Божиќот на Едгар): Посебна божиќна реклама за оваа невообичаена година

Објавено

на

Веќе трета година по ред, Групацијата Ерсте подготви анимирана реклама посебно наменета за божиќните празници, што несомнено ќе Ви го привлече вниманието со својата креативност. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Светска банка обезбеди 12 милијарди долари за борба против Ковид-19

Објавено

на

Светската банка издвои 12 милијарди долари за набавка и дистрибуција на вакцина против коронавирусот, како и за тестови и лекови за борба против ковид-19, рече претседателот на Светска банка Дејвид Малпас на состанокот на министрите за финансии на Г20 и централните банки во петокот. (more…)

Продолжи со читање

Популарно