Connect with us

Лични финансии

Банкарска Азбука со Шпаркасе Банка: Букви “T” и “У”

Објавено

на

Банкарство.мк во соработка со Шпаркасе Банка Македонија започнува проект наречен “Банкарска азбука” . Искрената, фер и транспарентна комуникација со сите клиенти, соработници, деловни партнери и целокупната јавност е дел од корпоративната култура на Шпаркасе Банка Македонија.

Нашата цел е да комуницираме искрено и отворено со читателите, запознавајќи ги подетално со банкарските термини кои често се користат во банкарскиот свет.

Во прилог ви ги прикажуваме банкарските поими на буквите “Т” и “У”:

Тарифи и Одлуки за висината на каматните стапки се нормативни интерни акти на банката донесени од органите на управување на банката, со кои се одредуваат висината на каматните стапки, трошоците и провизиите користени од банката при банкарските операции согласно со поединечните договори склучени со клиентите.

Термински план е временски термин во кој се реализираат налозите за плаќање со тековен пресметковен датум во интерниот и екстерниот систем на плаќање, усогласен со работното време на КИБС и МИПС, како и интерните акти на банката што го регулираат работното време.

Токен e безбедно средство за електронско плаќање, на кој е сместен дигиталниот сертификат.

Траен налог претставува налог со кој секој месец (на одреден датум) се префрлаат средства од сметката на налогодавецот кон сметката на налогопримачот, согласно со претходно потпишан договор помеѓу банката и клиентот.

Трансакција претставува пренос на парични средства од една сметка на друга.

Трансакциска сметка е сметка што претставува единствен и неповторлив нумерички податок што служи за идентификација на учесникот во платниот промет, а преку која тој врши плаќања.

Трасант претставува издавач на меница.

Трасат претставува должникот во меничното работење на чие име е издадена меницата.

Трговец е секое правно или физичко лице што со вршењето на својата дејност непосредно ги задоволува потребите на граѓаните, за производи и услуги.

УЈП – Управа за јавни приходи.

Уплата претставува финансиска активност со која парите се насочуваат кон одредена сметка на правно или на физичко лице.

User претставува име на корисникот за пристап во апликацијата за Net Banking.

Домашни банки

Како разумно да менаџирате со средствата со кои располагате?

Објавено

на

Во Новата година обично влегуваме со свежи планови и цели кои сакаме да ги постигнеме во следните 12 месеци. Меѓу најважните, особено денес секако се финансиските одлуки – како да се одржи или зголеми домашниот буџет и како да се оддржи и зголеми заштедата. (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

Големите лидери никогаш не ги прават овие пет грешки

Објавено

на

Пред да одлучите да ја прифатите лидерската улога, размислете двапати за тоа дали навистина го сакате тоа. Дали навистина имате став и емоционална интелигенција да ги водите луѓето и да успеете со нив? (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

Неколку вистини за парите и инвестирањето што треба да ги знаете

Објавено

на

Многумина од нас се надеваат дека ќе станат многу богати. Повеќето сакаат да постигнат одредено ниво на финансиска слобода и мир, без да стравуваат од помислата дека ќе немаат да ги платат сопствените сметки. Но, за постигнување на тоа ниво, исто така, е потребно одредено ниво на финансиско знаење кое многумина немаат, велат експертите. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Лични финансии

Банкарска Азбука со Шпаркасе Банка: Букви “Р” и “С”

Објавено

на

Банкарство.мк во соработка со Шпаркасе Банка Македонија започнува проект наречен “Банкарска азбука” . Искрената, фер и транспарентна комуникација со сите клиенти, соработници, деловни партнери и целокупната јавност е дел од корпоративната култура на Шпаркасе Банка Македонија.

Нашата цел е да комуницираме искрено и отворено со читателите, запознавајќи ги подетално со банкарските термини кои често се користат во банкарскиот свет.

Во прилог ви ги прикажуваме банкарските поими на буквите “Р” и “С”:

Работен ден е секој ден во кој банката и финансиските институции во Република Македонија работат и извршуваат финансиски операции.

Расположливи средства или покритие се сите средства на денарските и девизните трансакциски сметки на клиентот, кај банката како носител на платниот промет, од кои се извршуваат исплати, односно состојбата на сметката од претходниот работен ден, намалена за сите извршени плаќања од сметката заедно со предвидената банкарска провизија до моментот на утврдувањето на салдото, а зголемена за евидентните уплати на сметката во тековниот ден и износот на одобреното.

Ревалвација претставува зголемување на курсот на некоја валута во однос на друга.

Ревизор претставува физичко лице што поседува уверение за ревизор, односно друштво за ревизија што има соодветна дозвола за спроведување на конкретните активности.

Револвинг кредит претставува договор по кој кредиторот му дава одреден износ парични средства на располагање на должникот со тоа што должникот може да ги користи во секој момент во вид на континуирани краткорочни кредити. Секое користење ги намалува расположливите средства, а секое враќање кредит ги обновува до првобитниот одобрен износ.

Регулаторно тело e надлежно тело што е овластено да дава и да одзема дозвола за работа на лица во финансиски сектори или да врши контрола на овие лица, односно да врши надзор над тие лица.

Резидент претставува физичко лице со постојан престој во државата или правно лице регистрирано во домицилната држава.

Референтна каматна стапка претставува каматна стапка согласно со која се одредуваат другите каматни стапки.

Рефинансирање претставува обезбедување средства за одобрување кредити – со прифаќање депозити од коминтентите на банката, со продажба на хартии од вредност, со користење кредит од централната банка врз основа на реесконт на меници или со земање ломбарден кредит.

Салдо претставува пресметковен остаток, разликата меѓу долгот и побарувањата.

СВТ претставува стапка на вкупните трошоци и дава реална слика за вкупната цена на кредитот бидејќи се базира на вкупните трошоци што клиентот и` ги плаќа на банката кога го подига и за време на отплатата на кредитот, односно вкупната цена на кредитот, и се состои од следните податоци:

1. Износот на кредитот;
2. Рокот на враќање;
3. Висина на номиналната каматна стапка на кредит и
4. Износите на трошоците кои влегуваат во пресметката
на СВТ.

Сеф претставува нумерирана преграда во трезорот на банката, која банката ја издава за чување пари или други вредносни предмети.

Сопствено учество е паричен или непаричен удел на кредитобарателот во дадена инвестиција во која банката треба да учествува со одобрување кредит, заради нејзина реализација.

Станбен кредит е кредит чија цел е стекнување или одржување на правото на сопственост на земјиште или на зграда, изградена или во изградба.

Стечаен доверител е физичко или правно лице што врз која било основа има побарување спрема стечајниот должник, а кое настанало пред почнувањето на стечајната постапка. Стечајниот управник во посебна табела (шема) ги регистрира сите пријавени побарувања, со наведување на елементите.

Стечај или реорганизација над стечајниот должник се спроведува кога стечајниот должник е неспособен за плаќање.

Странска банка е правно лице регистрирано и со седиште надвор од Република Македонија што од надлежен орган на земјата добило овластување за вршење банкарски активности и е под супервизија на надлежен орган овластен со закон или со друг пропис во таа земја.

Странски платежни средства се девизи, ефективни странски пари, чекови, кредитни писма и други инструменти за плаќање што гласат во странска валута и може да се претворат во странска валута.

Странско правно лице е cекое правно лице што има фирма запишана во трговски регистар во странство или ако е запишано во трговскиот регистар во неговата земја и странски меѓународни невладини организации, фондации, сојузи и нивни подружници што се непрофитни.

SWIFT (Society for worldwide interbank financial telecommunications) претставува компјутерски систем за единствен пренос на финансиски средства меѓу банките и други финансиски институции што се членки на SWIFT.

Домашни банки

Како разумно да менаџирате со средствата со кои располагате?

Објавено

на

Во Новата година обично влегуваме со свежи планови и цели кои сакаме да ги постигнеме во следните 12 месеци. Меѓу најважните, особено денес секако се финансиските одлуки – како да се одржи или зголеми домашниот буџет и како да се оддржи и зголеми заштедата. (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

Големите лидери никогаш не ги прават овие пет грешки

Објавено

на

Пред да одлучите да ја прифатите лидерската улога, размислете двапати за тоа дали навистина го сакате тоа. Дали навистина имате став и емоционална интелигенција да ги водите луѓето и да успеете со нив? (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

Неколку вистини за парите и инвестирањето што треба да ги знаете

Објавено

на

Многумина од нас се надеваат дека ќе станат многу богати. Повеќето сакаат да постигнат одредено ниво на финансиска слобода и мир, без да стравуваат од помислата дека ќе немаат да ги платат сопствените сметки. Но, за постигнување на тоа ниво, исто така, е потребно одредено ниво на финансиско знаење кое многумина немаат, велат експертите. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Лични финансии

Банкарска Азбука со Шпаркасе Банка: Букви “О” и “П”

Објавено

на

Банкарство.мк во соработка со Шпаркасе Банка Македонија започнува проект наречен “Банкарска азбука” . Искрената, фер и транспарентна комуникација со сите клиенти, соработници, деловни партнери и целокупната јавност е дел од корпоративната култура на Шпаркасе Банка Македонија.

Нашата цел е да комуницираме искрено и отворено со читателите, запознавајќи ги подетално со банкарските термини кои често се користат во банкарскиот свет.

Во прилог ви ги прикажуваме банкарските поими на буквите “О” и “П”:

Обврзница претставува должничка хартија од вредност со која се потврдува дека имателот (купувачот, доверителот) му исплатил на должникот (издавачот) определен износ пари, како противвредност на обврзницата, и дека должникот ќе му го исплати на доверителот позајмениот износ, заедно со камата, и тоа според утврдената каматна стапка и во договорените рокови.

Обезбедување е меница, жирант, гаранција, залог на движен имот, предмети и права, хипотека или друг вид обезбедување пoбарано од банката и доставено од клиентот, кое и`овозможува на банката да ги наплати сите свои побарувања врз основа на дадениот пласман, во случај на нередовно намирување од страна на клиентот.

Овластување е документ во каква било форма издаден од орган овластен со закон или друг пропис со кој се дава право за вршење банкарски активности.

Општи услови се услови на работењето на банката за различни кредитни продукти на банката.

Орочено штедење се однесува на одреден фиксен период за кој средствата на клиентот се депонирани на штедна книшка во банка. Депонираните средства се поврзани со определениот период и клиентот може да ги повлече порано, но во тој случај нема да ја добие редовната камата, туку ќе добие камата на штедење по видување.

Пасивна камата претставува каматата што банката ја плаќа за средствата депонирани кај неа.

ПИН – PIN (Personal Identification Number) претставува персонален идентификационен број што се состои од 4 бројки и служи како идентификација на корисникот. Тој претставува електронски потпис на корисникот при подигнување готовина на банкомати.

Писмена опомена за неплатени обврски во Банката е обврзувачка препорака дадена од страна на банката до должникот по однос на склучен договор за користење кредитен производ, и таа содржи известување и предупредување за достасани, а ненаплатени обврски на должникот во банката врз основа на склучениот договор, како и најава за преземање построги мерки во иднина, во случај на непостапување по препораката.

Плата претставува надомест утврден согласно со закон, колективен договор и договорот за вработување.

Платежна картичка претставува инструмент за безготовинско плаќање. Платежните картички по функција се делат на дебитни и кредитни картички. Кај дебитните картички сметката се задолжува во истиот момент кога се врши плаќање или подигнување готовина и корисникот на картичката може да користи средства до износот со кој располага на сметката. Со кредитните картички сопственикот на картичката може да користи средства за чие користење има договорено посебен кредитен лимит.

Платен промет во земјата претставува плаќањето во денари што ги вршат учесниците во платниот промет преку носителите на платниот промет.

Плаќање претставува уплата на готови пари на трансакциска сметка, пренос на средства од една трансакциска на друга трансакциска сметка и исплата на готови пари од трансакциска сметка.

Поврзани лица се две или повеќе лица што:

• правни лица – 1) претставуваат единствен ризик, бидејќи едно од нив директно или индиректно остварува учество или контрола во другото или во другите лица и 2) не се поврзани преку контрола, но претставуваат единствен ризик, бидејќи се меѓусебно поврзани на тој начин што финансиските проблеми кај едното од нив може да предизвика проблеми во отплатата на обврските на друго и/или на другите лица.

• физички лица се сметаат за поврзани доколку едното физичко лице е брачен другар или лице со кое живее во вонбрачна заедница, дете или посвоено дете, родител или лице под старателство на другото физичко лице.

Подружница е организациона единица со седиште надвор од седиштето на трговското друштво организирана за вршење работи од предметот на работење на друштвото. ПОС терминал (Point of Sale) е уред во трговијaта на кој се вршат трансакции со платежни картички.

Потрошувачки кредит е договор со кој банката одобрува или ветува дека ќе му одобри на клиентот-потрошувач кредит во форма на заем, дозволено пречекорување, одложено плаќање на производи и услуги или друга слична финансиска услуга.

Правно лице е трговско друштво и друга организациона форма во која едно или повеќе лица вложуваат пари, ствари или права во имот што го користат за заедничко работење и заеднички ги делат добивката и загубата од работењето. Правното лице е регистрирано во Трговскиот регистар или други регистри на правни лица утврдени со законот.

Приспособлива каматна стапка е каматната стапка што се менува согласно со донесена интерна одлука на органите на управување на банката. Банката за периодите, условите и постапката за промена на приспособливата каматната стапка соодветно го известува клиентот.

Провизија претставува надомест за посредување во одредена работа. Се изразува во проценти од вредноста на извршената работа. Банкарска провизија претставува цена на вршењето банкарски услуги.

Провизија за администрирање на пласмани е провизија за администрирање на кредитот (водење, испраќање извод и слично).

Провизија за аплицирање е провизија за обработка на барањето за кредит.

Провизија за одобрување пласмани е провизија за спроведување на процесот на разгледување, анализа и одлучување по доставените кредитни барања.

Провизија за управување пласмани се трошоците поврзани со неисполнување или ненавремено исполнување на обврските по договорот за конкретен пласман.

Променлива каматна стапка е каматната стапка што се менува во согласност со промена на индекс, односно референтна каматна стапка, во определени периоди и под определени услови. Банката определува и маржа што ја наплаќа за својата банкарска активност и има право да ја менува во определени периоди и услови согласно со промената на референтната каматна стапка.

Домашни банки

Како разумно да менаџирате со средствата со кои располагате?

Објавено

на

Во Новата година обично влегуваме со свежи планови и цели кои сакаме да ги постигнеме во следните 12 месеци. Меѓу најважните, особено денес секако се финансиските одлуки – како да се одржи или зголеми домашниот буџет и како да се оддржи и зголеми заштедата. (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

Големите лидери никогаш не ги прават овие пет грешки

Објавено

на

Пред да одлучите да ја прифатите лидерската улога, размислете двапати за тоа дали навистина го сакате тоа. Дали навистина имате став и емоционална интелигенција да ги водите луѓето и да успеете со нив? (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

Неколку вистини за парите и инвестирањето што треба да ги знаете

Објавено

на

Многумина од нас се надеваат дека ќе станат многу богати. Повеќето сакаат да постигнат одредено ниво на финансиска слобода и мир, без да стравуваат од помислата дека ќе немаат да ги платат сопствените сметки. Но, за постигнување на тоа ниво, исто така, е потребно одредено ниво на финансиско знаење кое многумина немаат, велат експертите. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Лични финансии

Банкарска Азбука со Шпаркасе Банка: Буква “Н”

Објавено

на

Банкарство.мк во соработка со Шпаркасе Банка Македонија започнува проект наречен “Банкарска азбука” . Искрената, фер и транспарентна комуникација со сите клиенти, соработници, деловни партнери и целокупната јавност е дел од корпоративната култура на Шпаркасе Банка Македонија.

Нашата цел е да комуницираме искрено и отворено со читателите, запознавајќи ги подетално со банкарските термини кои често се користат во банкарскиот свет.

Во прилог ви ги прикажуваме банкарските поими на буквa “Н”:

Налог за плаќање претставува безусловна инструкција дадена на банката да изврши плаќање или да наплати одреден износ пари назначен на сметката.

Недозволено пречекорување е премолчено прифаќање на пречекорување каде што кредиторот на сметката на потрошувачот му става на располагање средства во износ поголем од тековната состојба на средствата на таа сметка или ако постои дозволено пречекорување, износ поголем од дозволеното пречекорување.

Недоспеан износ е потрошен износ, но кој сè уште не доспеал за плаќање. Клиентот нема обврска да го плати недоспеаниот износ, но доколку го направи тоа, истиот износ ќе му биде расположлив за трошење.

Нерезидент претставува физичко лице со постојано живеалиште во странство или правно лице регистрирано во странство.

Нето-плата претставува плата во вкупен износ намалена за вкупниот износ на придонесите од задолжителното социјално осигурување и за износот на персоналниот данок.

Номинална каматна стапка претставува нето-каматна стапка и не претставува конечна цена на кредитот. Врз основа на неа се пресметуваат ратите за плаќање, односно износот на каматата на депозитите.

Носители на платниот промет се Народна банка на Република Македонија и банките што добиле дозвола за вршење платен промет согласно со законот.

Ностро сметка претставува сметка на банката во некоја друга банка.

Нотарска изјава претставува изјава со потпис заверен кај нотар.