Connect with us

Странски банки

БАНКАРИТЕ „ТРИЈАТ” РАЦЕ – добиваат најголеми бонуси во последната деценија!?

Објавено

на

Повеќето вработени на Волстрит можат да очекуваат двоцифрено зголемување на бонусите оваа година, во споредба со 2020 година, додека инвестициските банкари би можеле да добијат највисоки чекови врз основа на наградните исплати во последната деценија, се наведува во извештајот на консултантската фирма „Џонсон асошиејтс”.

Минатата година, бонусите на Волстрит беа пропорционални со економскиот шок од блокадата предизвикана од пандемијата со Ковид-19, но годинешното враќање покажува дека финансиските директори сметаат дека нивниот бизнис е обновен откако пандемијата практично избриша 21.000 милијарди долари од пазарот помеѓу февруари и март минатата година, велат аналитичарите.

„Индустријата работеше на ниво за кое мислевме дека е невозможно минатата година“, рече Алан Џонсон, чиј извештај будно го следат финансиските експерти, пренесува „Reuters“.

„Инвестициските банкари може да очекуваат најголеми бонусни чекови во последната деценија, благодарение на невиденото зголемување на бројот на склучени трансакции”, проценува тој.

„Банкарите кои вршат ризични инвестиции за клиентите може да уживаат во зголемување на бонусот од 20 до 35 проценти за 2021 година, додека банкарите ангажирани во консултации и продажба на капитал на професионалци во трговијата може да добијат зголемување од 20-25 проценти”, вели Џонсон.

Менаџерите на средства, хеџ фондовите, како и менаџерите на приватен капитал може да добијат зголемување од 10-15 проценти, додека трговците со фиксен приход и банкарите на мало може да очекуваат исти бонуси како и минатата година.

Оваа анализа се темели на резултатите од вториот квартал од десет компании за управување со средства и осум големи инвестициски и комерцијални банки. Банките ќе започнат со исплата на годишни бонуси за вработените од јануари следната година.

Во последните месеци, големите банки им ги зголемија платите на инвестициските банкари, а особено за вработените кои работеа само една или две години, за да го надоместат оптоварувањето што е исцрпувачко дури и според индустриските стандарди.

„Не се работи само за пари“, заклучува Алан Џонсон, „Вработените едноставно работат премногу“.

Криптовалути

Централната банка на Русија со предлог целосно да се забрани издавање и употреба на криптовалути

Објавено

на

Централната банка на Русија предложи целосна забрана за издавање, „рударење“ и тргување со криптовалути во Русија, пренесува руски „Комерсант“. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Централните банки во светот забрзано се префрлаат од доларот кон златото

Објавено

на

Централните банки во целиот свет забрзано ги зголемуваат резервите на злато кои ги имаат и кои минатата година достигнаа максимум во последните 31 година. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

2021 година ќе биде рекордна во однос на профитите за американсите банки!?

Објавено

на

Најголемите банки на „WallStreet” наскоро треба да пријават рекордни профити во 2021 година, благодарение на високите приноси во секторот на инвестициското банкарство и помалите од очекуваните загуби од кредитите. (more…)

Продолжи со читање

Популарно