Connect with us

Странски банки

БАНКАРИТЕ „ТРИЈАТ” РАЦЕ – добиваат најголеми бонуси во последната деценија!?

Објавено

на

Повеќето вработени на Волстрит можат да очекуваат двоцифрено зголемување на бонусите оваа година, во споредба со 2020 година, додека инвестициските банкари би можеле да добијат највисоки чекови врз основа на наградните исплати во последната деценија, се наведува во извештајот на консултантската фирма Џонсон асошиејтс.

Минатата година, бонусите на Волстрит беа пропорционални со економскиот шок од блокадата предизвикана од пандемијата со Ковид-19, но годинешното враќање покажува дека финансиските директори сметаат дека нивниот бизнис е обновен откако пандемијата практично избриша 21.000 милијарди долари од пазарот помеѓу февруари и март минатата година, велат аналитичарите.

„Индустријата работеше на ниво за кое мислевме дека е невозможно минатата година“, рече Алан Џонсон, чиј извештај будно го следат финансиските експерти, пренесува „Reuters“.

Инвестициските банкари може да очекуваат најголеми бонусни чекови во последната деценија, благодарение на невиденото зголемување на бројот на склучени трансакции, проценува тој.

Банкарите кои вршат ризични инвестиции за клиентите може да уживаат во зголемување на бонусот од 20 до 35 проценти за 2021 година, додека банкарите ангажирани во консултации и продажба на капитал на професионалци во трговијата може да добијат зголемување од 20-25 проценти, вели Џонсон.

Менаџерите на средства, хеџ фондовите, како и менаџерите на приватен капитал може да добијат зголемување од 10-15 проценти, додека трговците со фиксен приход и банкарите на мало може да очекуваат исти бонуси како и минатата година.

Оваа анализа се темели на резултатите од вториот квартал од десет компании за управување со средства и осум големи инвестициски и комерцијални банки. Банките ќе започнат со исплата на годишни бонуси за вработените од јануари следната година.

Во последните месеци, големите банки им ги зголемија платите на инвестициските банкари, а особено за вработените кои работеа само една или две години, за да го надоместат оптоварувањето што е исцрпувачко дури и според индустриските стандарди.

„Не се работи само за пари“, заклучува Алан Џонсон, „Вработените едноставно работат премногу“.

Странски банки

Лагард: Економијата во Еврозоната во подобра состојба од очекуваното

Објавено

на

„Економската активност на еврозоната е забавена во споредба со 2022 година, но оваа година ќе биде „значително подобра“ од предвиденото – и покрај инфлацијата и енергетската криза”, изјави во Давос претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Светска банка ја ревидираше прогнозата за раст на македонската економија

Објавено

на

Светска банка ги ревидираше своите очекувања во однос на бруто домашниот производ (БДП) на Македонија. Новата прогноза на Светската банка е раст на економијата за 2,4 проценти во 2023 година. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Европската централна банка: Реалните плати во еврозоната драстично паѓаат

Објавено

на

Реалните плати во еврозоната се значително пониски отколку во периодот пред пандемијата и, веројатно, ќе се намалат уште повеќе во наредните месеци поради брзиот раст на цените, предупреди денеска Европската централна банка (ЕЦБ). (more…)

Продолжи со читање

Популарно