Connect with us

Останато

Банкарите предупредуваат: На светот му се заканува „финансиско цунами“!

Објавено

на

Глобалниот долг ќе достигне рекордни 277 илјади милијарди долари до крајот на годината, како резултат на понатамошното трошење на владите и компаниите како одговор на пандемијата на коронавирусот.

Според Институтот за меѓународни финансии (ММФ), чии членови се повеќе од 400 банки и финансиски институции ширум светот, глобалниот долг се зголемил за 15 илјади милијарди долари до септември, на 272 илјади милијарди долари.

Речиси две третини од тоа зголемување се однесува главно на развиените пазарни земји.

„Постои значителна неизвесност за тоа како глобалната економија може да се раздолжи во иднина без поголеми негативни последици врз економската активност“, се вели во извештајот, предупредувајќи на „напад од должничкото цунами“.

Вкупниот долг на развиените земји, се вели во извештајот, скокна на 432 проценти од БДП во третиот квартал, што претставува зголемување за 50 проценти во однос на 2019 година.

ММФ додава дека вкупниот американски долг е на пат да достигне 80 илјади милијарди долари оваа година, во споредба со 71 илјада милијарди долари во 2019 година.

Што се однесува до еврозоната, долгот се зголеми за 1,5 илјади милијарди на 53 илјади милијарди долари. Сепак, тоа е помалку од рекордните 55 илјади милијарди долари во вториот квартал на 2014 година.

Учеството на долг во БДП на земјите во развој достигна скоро 250 проценти, пренесува РТ.

Либан, Кина, Малезија и Турција се соочуваат со најголемо зголемување на долгот во нефинансискиот сектор.

Останато

Голем раст на бројот на невработени лица во 2020 година!

Објавено

на

Бројот на невработени лица се зголемил за 52.023 лица во периодот јануари-декември 2020 година, покажуваат најновите податоци на Агенцијата за вработување, пренесува „Мета“. На почетокот од минатата година во земјава имало 104.409 невработени, а на крајот на 2020 година оваа бројка се зголемила на 156.432 лица. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Бесими – Техада: Поддршка за реформите во управување со јавните финансии

Објавено

на

Поддршка за реформите за зајаканување на управувањето со јавните финансии преку проекти за подобрување со управувањето со јавниот долг, како и од областа на финансиските статистики, беа дискутирани на средбата помеѓу министерот за финансии Фатмир Бесими и амбасадорката на Швајцарија Сибил Зутер Техада. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Меј Маск: Илон беше генијалец уште на тригодишна возраст

Објавено

на

Мајката на Илон Маск, Меј знаела дека нејзиниот син е предодреден да биде великан, уште кога имал само три години. Таа говореше за неговата генијалност во интервју за „CBS“.

(more…)

Продолжи со читање

Популарно