Криптовалути
БАЛКАНОТ ПОЛУДЕ ПО КРИПТОВАЛУТИ – Побарувачката зголемена седумкратно, а вложуваат економисти, банкари, пензионери…


Не само што светот полуде по биткоини и останати криптовалути туку и криптовалути почнаа масовно да се купуваат на Балканот, иако до неодамна дигиталните криптовалути беа табу тема. До пред само неколку месеци повеќето Балканци со незадоволство и неверување гледаа на овој „виртуелен свет“, а во моментов со криптовалути на големо се тргува и заработува. И тоа буквално сите тргуваат со криптовалути од економисти и банкари, до лекари, музичари, луѓе без работа, пензионери итн…
И не само што тргуваат, туку и заработуваат, бидејќи биткоинот претходната година вредел 30.000 долари, а денес цената се движи околу 60.000 американски долари. Пред неколку дена, биткоинот ја достигна максималната вредност од над 68.000 американски долари. Или со проста математика, тој што пред една година вложил 1.000 долари, денес ќе има двојно повеќе односно 2.000 долари.
И не само биткоинот, и другите криптовалути неколкукратно ја зголемија својата вредност, со што придонесоа граѓаните кои вложиле во нив добро да заработат. Но, има и такви кои загубија дел од влоговите, бидејќи вложувањето во криптовалути е многу ризична инвестиција и никој не може да ја предвиди нивната вредност на долг рок.
За се поголемата „популарност“ на овој нов бизнис најдобро говорат новите официјални податоци од соседството. Пред половина година во една берза за криптовалути во БиХ имаше околу 3.000 регистрирани корисници, а во моментов ги има околу 8.500 и бројката расте во континуитет.
„Прометот на платформата достигна 17,5 милиони марки, што е за 693,88 проценти повеќе од крајот на минатата година“, истакнува Борис Мајсторовиќ, раководител на една од берзите за криптовалути во регионов, додавајќи дека граѓаните тргуваат со биткоини, но и со останатите криптовалути како „Етереум“, „Лајткоин“, „Биткоин кеш“, „Тетер”, „ Етереум Класик“, „Доџкоин”, „Шиба Ину” и други.
Биткоинот и етериумот сочинуваат 60 проценти од вкупниот обем на тргување со криптовалути, што е тренд и во светот.
Кој најчесто инвестира во криптовалути?
Кога станува збор за луѓе кои инвестираат во дигитални средства, нема правила. Најчесто тоа се сиромашни луѓе со минимални заштеди, кои се надеваат дека со минимално вложени пари ќе заработат цело богатство, но има и многу поситуирани кои се решаваат на вакви инвестиции. Станува збор за луѓе од различни професии, како економисти, банкари, лекари, правници, автомеханичари, пензионери и слично…
Инвеститорите се претежно машка популација на возраст од 18 до 40 години, но има и голем број на жени кои се интересираат за вакви инвестиции. Во последно време е забележлив тренд на раст на бројот на компании, односно правни лица кои сакаат да инвестираат во биткоин и други криптовалути.
Згора на тоа, со биткоини се тргува во Словенија и Хрватска, земји кои беа меѓу првите во регионот што го регулираа својот пазар на капитал. Словенија е една од земјите што не ги оданочува физичките лица на капиталните добивки од биткоин и други криптовалути.
Кај нас пазарот на капитал и капиталните добивки од вложување во криптовалути сеуште не се регулирани и се сметаат за премногу ризични, но тоа не значи дека Македонците не тргуваат и не заработуваат од купопродажба на криптовалути.
За жал, тргувањето оди преку странски берзи за криптовалути на кои е дозволено регистрирање на клиенти од Македонија. Сепак, преносот на средства на таканаречениот криптопаричник е покомплициран, бидејќи платежните картички издадени од македонските банки не се прифаќаат. Затоа, најчесто пари се префрлуваат преку странски платежни картички.
Криптовалути
Бил Гејтс: Криптовалутите се измама за будали


Американскиот милијардер Бил Гејтс не е фан на криптовалутите и NFT. Основачот на „Microsoft” на конференцијата „TechCrunch” изјави дека криптовалутите се една голема измама. (more…)
Криптовалути
ЦРН ДЕН ЗА КРИПТОВАЛУТИТЕ – Биткоинот на најниско ниво од декември 2020 година


Биткоинот во текот на вчерашниот ден падна на најниско ниво дури од декември 2020 година, бидејќи падот на берзите продолжува крајно негативно да влијае и на криптовалутите, чие тргување ги следи таканаречените поризични средства, како што се акциите на технолошките компании. (more…)
Криптовалути
Најголемата платформа за трговија со криптовалути BINANCE привремено ги запре исплатите во биткоини


„BINANCE”, најголемата светска дигитална платформа за тргување со криптовалути, соопшти дека привремено ги прекинува плаќањата во биткоини поради, како што наведува, „застој во трансакциите”. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Кредитипред 4 weeks
Брз и евтин кредит – прва помош за вашиот паричник
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје