Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Останато

Балканец најде оригинален начин да и се одмазди на банката

Објавено

на

Србин кој бил должник во швајцарска банка одлучил на банката да и се одмазди на свој оригинален начин.

Бидејќи речиси редовно ги уплаќал своите рати и тоа електронски, а првиот момент кога задоцнил, од банката веднаш добил опомена за неплатена доспеана рата, решил да и се одмазди на банката.

Најпрво, на својот фејсбук профил објавил дека се откажува од електронската уплата на своите доспеани рати и дека секој месец ратата за кредит ќе ја плаќа на шалтер во банката и тоа со метални монети во кеш.

„Секој месец ќе добивате рата во готово на шалтер, но во метални апоени…и тоа половина час пред крајот на работното време…па броите. Кој последен се смее, најслатко се смее“, напишал тој на фејсбук профилот.

Србинот подготвил пластично шише во кое ги собира парите за ратата за кредит.

Додал дека има и одговор за службениците на шалтер.

„Ако прашаат колку пари има во шишето, со намера да земат без броење…мојот одговор ќе биде „не знам, вие избројте колку е ратата“, напишал тој.

Веќе подготвил илјада швајцарски франци, а според тоа што го напишал на социјалните мрежи до крајот на месецот ќе успее да го собере целиот износ.

Останато

Асоцијацијата на финансиски друштва за првпат направи статистиката за индустријата и го истражи јавното мислење за степенот на финансиска писменост

Објавено

на

Во организација на Асоцијацијата на финансиски друштва на Северна Македонија, денеска се одржа презентација на статистичките податоци и резултатите од истражување на јавното мислење за финансиската писменост, кое беше спроведено во периодот од 11 до 19 септември 2019 година од страна на Истражувачкиот институт – Тим институт. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Руски агенти стојат зад грабежот на векот на криптовалути?

Објавено

на

Големиот крах на крипто-берзата BTC-E и подоцна позната како Wex од пирамидална измама сега добива сосема нова димензија по истражувањето кое го направи BBC Russia. Според нивната истрага постои голема можност грабежот на криптовалути во вредност од 450 милиони долари да бил извршен од страна на агенти на руската безбедносна и разузнавачка служба ФСБ. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Ангеловска: Ќе се зголеми прагот за ослободување од царина кај малите пратки

Објавено

на

Расте бројот на мали пратки што граѓаните и компаниите ги порачуваат преку интернет а со тоа растат предизвиците и за државата и за компаниите. Министерството за финансии, Царинската управа и Владата се соочуваат со години со барањето да се зголеми прагот на вредноста до која пратките се ослободени од плаќање увозни давачки. Министерката за финансии Нина Ангеловска најави дека се размислува за негово зголемување, а оптималниот праг ќе го дадат анализите што во моментов се прават во Министерството. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange