Connect with us

Останато

А1 Македонија го усоврши „Славчо” – четбот базиран на вештачка интелегенција

Објавено

на

А1 Македонија со задоволство ја најавува најновата и усовршена верзија на виртуелниот експерт базиран на вештачка интелигенција – „Славчо”, со уште повеќе функционалности, дизајниран да понуди помош и поддршка за сите прашања на корисниците поврзани со услугите на А1.

„Четботот Славчо” е дел од А1 Гуру платформата преку која корисниците имаат можност да добијат одговори на своите прашања без да посетуваат продажни салони или да се јавуваат во Контакт Центарот и на едноставен начин да пристапат до виртуелниот асистент што ќе одговори на сите нивни прашања, но и ќе им помогне во надминување на било каква техничка потешкотија со нивните услуги. Со неговото усовршување, А1 Македонија ја потврдува својата определба да обезбеди дигитални алатки кои овозможуваат наједноставен и најлесен начин за комуникација со своите корисници и го прави процесот на набавка и користење на услугите од богатото портфолио пријатно искуство”, изјави Методија Мирчев, Извршен директор на А1 Македонија.

„Славчо” е првиот виртуелен експерт во форма на четбот со човечки карактеристики кој може да комуницира на македонски јазик, притоа разбирајќи кирилица и латиница. Освен помош при избор на телефонски уред, виртуелниот експерт може да понуди помош и техничка поддршка за користење на мобилни и фиксни услуги на А1 – интернет, телефонија и телевизија, помош за брзо, безбедно и едноставно плаќање на месечните сметки, проверка на состојбата на сметка и надополнување на кредит за припејд корисниците, активирање, деактивирање на услуги и пакети, како и информации за тарифи и промоции.

Четботот се справува со повеќе области на знаење со тоа што инкорпорира комбинација на модули за длабинско учење и машинско учење кои се одговорни за разбирање на контекст и составување на пораки.

Комуникацијата со „Славчо” е целосно бесплатна, a за да се допишуваат со него, корисниците треба едноставно во пребарувачот да пристапат преку веб страницата на А1 Македонија или преку апликациите Viber и Facebook Messenger .

Повеќе информации можете да најдете на www.a1.mk

Останато

Бесими: Ребалансот во тек, средствата ќе се насочат таму каде ќе дадат подобри резултати

Објавено

на

Буџетираните средства не се за на хартија, тие треба да се реализираат, за да може да се поттикне економската активност. Ќе се предвидат механизми за оние институции кои се поуспешни во реализацијата да се обезбедат повеќе средства, додека оние кои имаат послаба реализација, тие средства да се усмерат кон вистинските позиции каде има поголем учинок. Ребалансот на буџетот е во тек, а средствата од позициите со помала реализација ќе се насочат кон новиот пакет мерки, вели во интервју за вестите на Сител министерот за финансии Фатмир Бесими. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Фирмите што ќе остварат загуба годинава, нема да имаат обврска да исплатат К-15

Објавено

на

Правните субјекти кои оваа година нема да остварат добивка нема да треба да исплатат К-15 на своите вработени, но оние кои ќе остварат добивка, согласно закон и колективен договор треба да исплатат К-15 и други издатоци, изјави премиерот Зоран Заев, апелирајќи и до оние кои нема да остварат добивка, но имаат финансиска моќ да го сторат тоа. (more…)

Продолжи со читање

Останато

5 работи кои вработената на шалтер би сакала да ги знаете

Објавено

на

Порталот „Неа.мк” – портал наменет за припадничките на понежниот пол направи кратко истражување за жените кои работат во банка, на шалтер и секојдневно се соочуваат со „интересни“ ситуации. (more…)

Продолжи со читање

Популарно