Connect with us

Кредити

А++ Кредит – нов производ на Охридска банка Сосиете Женерал наменет за финансирање на енергетско ефикасни производи, со поврат на средства до 20%

Објавено

на

Охридска банка Сосиете Женерал, во своето кредитно портфолио воведува нов А++ кредит, наменет за финансирање на енергетско ефикасни производи за домот.

А++ кредитот, е дел од кредитната линија од програмата за финансирање на зелена економија во Западен Балкан (Western Balkans Green Economy – GEFF), поддржана од Европска Унија, со која Европската банка за обнова и развој (EBRD) поддржува и финансира инвестиции и проекти за енергетска ефикасност на домаќинствата во Македонија.

А++ кредитот на Охридска банка Сосиете Женерал им овозможува на клиентите да набавуваат производи и да инвестираат во технологии со повисоко ниво на енергетска ефикасност, што придонесува за создавање на енергетско ефикасен дом. Со имплементација на технологиите поддржани од А++ кредитот клиентите ќе заштедат на енергија и ќе ги намалат своите трошоци, а истовремено ќе влијаат на подобрување на квалитетот на живот и животната средина.

Главна карактеристика на А++ Кредит е повратот на средства кој го добиваат корисниците на кредитот, кој достигнува и до 20% од вкупната вредност на инвестицијата.
Кредитот е со каматна стапка од 5,5% и нуди можност за вклучување на кредитно животно осигурување, што дава дополнитен бенефит за клиентите. Овозможениот поврат на средства од 20%, ја прави оваа кредитна линија, привлечна и исплатлива за сите оние кои планираат да инвестираат во својот дом, набавувајќи производи со повисоко ниво на енергетска ефикасност.

Така, во голем број случаи, вредноста на повратот на средствата може во целост да ја надомести вкупната камата за кредитот..
Процентот на поврат на средства за вкупната инвестиција на клиентот, зависи од видот на производите и/или технологиите кои се купуваат.

Начинот на пресметка, односно процентот на поврат на средства, може да се прочита на следниот линк: http://technology-mk.ebrdgeff.com/

Со воведување на А++ Кредитот во своето кредитно портфолио, Охридска банка Сосиете Женерал и понатаму продолжува да делува како општествено-одговорна компанија која преку низа различни проекти и активности настојува да влијае на подигнување на еко свеста како и унапредување на животната средина.

Повеќе информации за А++ Кредитот и за останатите производи на Банката може да најдете на www.ohridskabanka.mk или во експозитурите на Банката ширум земјата.

Кредити

Наменски станбен кредит на Шпаркасе Банка и City View Coondominium

Објавено

на

Шпаркасе банка нуди наменски станбен кредит во соработка со City View Coondominium. Како што стои во соопштението од банката, овие кредити се наменти за купување станбен простор што го гради инвеститорот С-АМЦ 1 Дооел Скопје и опфаќаат:

  • атрактивна фиксна каматна стапка во првите пет години
  • без трошок за проценка на имот во првата година
  • без провизија за одбрување на кредитот
  • бесплатана полиса за осигурување на домот во првите две години
  • попуст од 10% на цената на становите заклучно со 31.10 2018

Рокот на отплата на кредитот е до 30 години, со минимално сопствено учество од 15%. Кредитот е наменет за лицата кои својата плата ја примаат преку Шпаркасе банка. Доколку лицата не ја примаат платата во Шпаркасе банка, а сакаат да аплицираат за овој производ, мора да достават изјава дека платата ќе ја префрлат преку Банката во рок од 45 дена, од датумот на склучување на договорото за кредит.

Инаку, станува збор за луксузниот станбен комплекс од затворен тип на домување, City View Condominium Resort којшто вклучува 66 апартмани со големина од 55 до 121 м2, лоциран на само 6 километри од Скопје, надвор од сообраќајниот метеж и градската гужва, на падините на Водно во општина Сопиште.

Повеќе детали за потребните документи и начинот на аплицирање ќе најдете на следниот линк.

Продолжи со читање

Кредити

Ненаменски потрошувачки кредит на ТТК Банка

Објавено

на

Ненаменски потрошувачки кредит со фиксна каматна стапка од 5,50% во првата година и 7,81% годишна променлива каматна стапка за остатокот од периодот на отплата (намален надоместок за одобрување до 30.9.2018 година)

Потрошувачките кредити нудат атрактивни услови, каматни стапки и провизии, кои ќе ви овозможат остварување на она што го посакувате за вас и за вашето семејство. За приматели на плата преку ТТК Банка нудиме пониска каматна стапка и провизија за одобрување во рамките на Премиум СМАРТ пакетот.

Поволностите кои банката ги нуди се:

  • БЕЗ ЖИРАНТИ до 600.000 денари, во зависност од висината на месечните примања;
  • МЕСЕЧЕН АНУИТЕТ – 1/2 од месечните нето-примања на кредитобарателот;
  • НАЈНИСКА ФИКСНА каматна стапка за првата година.

За повеќе информации проверете тука.

Продолжи со читање

Кредити

ИНСТАНТ ненаменски потрошувачки кредит на ТТК Банка АД Скопје

Објавено

на

ТТК Банка Ви го претставува Инстант кредитот достапен за корисниците на електронското банкарство на ТТК Банка! Едноставно, брзо и без чекање во редови обезбедете дополнителни средства со брзо електронско одобрување по најповолни услови.

Износ до 30 000 денари во зависност од кредитоспособноста и отплата со еднакви месечни ануитети. Каматната стапка на кредитот изнесува 5,9% и е фиксна каматна стапка.

За повеќе информации проверете тука.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange