Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Останато

Атлантик Група со силен раст на профитабилноста и очекуван раст на продажбата

Објавено

на

Во првите девет месеци од 2018 година, Атлантик Група оствари вкупен приход од 518 милиони евра, органски раст на продажбата од 3,7 проценти во споредба на истиот период лани, додека благиот номинален пад на продажбата од 0,5 проценти е резултат на минатогодишната продажба на производството на спортска храна на белгискиот партнер и отсуството на приходи поврзани со услужното производство.

Заработката пред камати, даноци, депрецијацијаи амортизација (EBITDA) изнесува 70 милиони евра и е повисока за 18,9%, додека нето добивката по исплата на малите акционерипорасна за 34,4% на 42,3 милиони евра.

Најдобри во односите со инвеститорите!

“Првенствено, поради добрите бизнис резултати, земајќи ги предвид и добиените награди и признанија, може да заклучиме дека 2018 година ќе биде уште една успешна година за Атлантик Група, во која ги зајакнавме нашите корпоративни практики, како и нашите брендови. Како прв издавач, Атлантик се пресели од официјалниот на примарниот пазар на Загребската Берза, а потоа следеше и првата награда за односи со инвеститорите. Нашиот најголем меѓународен бренд – Argeta – стана европски лидер, а редизајнираната Cockta постигнува извонредни продажби. Покрај проширениот дистрибутивен опсег, продолживме со подобрувања во дистрибутивната организација и дезинвестирање на “несуштинските” деловни операции. Исто така, значајниот раст на профитабилноста и намалените трошоци за финансирање, како резултат на натамошното раздолжување, го зајакнаа нашиот паричен тек и претставуваатсилна основа за иден раст “, истакна Емил Тедески, претседател на Управниот одбор.

Меѓу многуте иницијативи од развојот на сопствените производи, особено се истакна брендот Argeta, која, по успешното започнување на производството во САД минатата година, се најде на прво место во Европа оваа година на листата на месни намази. Редизајнираната Cocktaпостигна извонредни продажби со вкупниот раст на сегментот HoReCa од дури 46 проценти. Стратегијата за дезинвестирање на помалите деловни операции продолжи и во јули, потпишувајќи го договорот со реномираната компанија Магдис од Загреб за продажба на компанијата Нева, со познати козметички брендови Melem, Plidenta и Rosal.

Најголем раст оствари Argeta, сегментот пијалоци, како и хрватскиот пазар

Вкупниот пораст на продажбата на Атлантик Група во првите девет месеци од 2018 година, главно, беше под влијание на следните стратешки бизнис области: Деликатесни намази остварија  раст од 10,2 отсто, пијалоците раст од 7,0 отсто, кафето раст од 4,3 отсто. Исто така, со учество од 21,0 проценти и продажба од 108,9 милиони евра, сегментот Кафе се истакна како најголема поединечна категорија во вкупните приходи. Под влијание на зголеменото портфолио и оптимизација на организацијата, најзначаен пораст во дистрибутивните операции беше забележан на пазарот на Хрватска со раст од 9,6 отсто, Србија со раст од 5,6 отсто, Словенија со раст од 5,5 отсто, а Босна и Херцеговина со раст од 4,0 проценти.

Во вкупната продажба, сопствените брендови учествуваат со 68,9 проценти, останатитебрендови со 23,0 проценти, сегментот Фармација со 7,9 проценти, додека производство на приватни марки за трети лица 0,2 проценти.

Останато

Тевдовски: „Фич“ ја потврди добрата фискална политика и реформите во јавните финансии

Објавено

на

Извештајот на кредитната агенција „Фич“, со кој го подигна кредитниот рејтинг на земјава после 13 години, е сериозна потврда за исправната фискална политка, а потенцирани се и реформите кои се направени во системот на јавни финансии. Ова го посочи министерот за финансии Драган Тевдовски презентирајчи го извештајот на кредитната агенција. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Запознајте го Славе Стефановиќ: До 15% поевтин живот благодарение на платформата на Cashback

Објавено

на

Како Славе Стефановиќ ја изгради својата мрежа на пријатели во Cashback и добива

дополнителни попусти кај 1800 трговци (more…)

Продолжи со читање

Останато

Тевдовски: Прогресивниот данок дава ефекти!

Објавено

на

Министерот за финансии, Драган Тевдовски изрази задоволство од ефектите на прогресивното одданочување. Тој вели дека приходите од персоналецот за 5 месеци забележале пораст од 17,4%. Сите тврдења дека ќе се намали вработеноста, ќе се зголеми даночната евазија, ќе се намалат платите, според него се покажале како неточни. (more…)

Продолжи со читање
Unibanka_banner_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange